Македонија

Родителите гневни: Настава во загреани училници мора да има! ако треба нека се исклучат уличните светла

Бурни реакции на родителите откако дел од градоначалниците, соочени со неизвесност околу цената на струјата во образовните установи претстојнава зима, побараа повторно онлајн настава или продолжен зимски распуст.

Велат дека училиштата мора да имаат обезбедено услови за настава.

Ова се ставовите на дел од родителите:

-Станот или куќата се греат во рамките на можностите на семејството. Не е прашање на избор, затоа што за училиштата мора да се обезбедат услови за работа. Тоа се мисли на време, не кога ќе почне грејна сезона. Секое семејство нема дома услови за следење на он лајн настава, без разлика дали се работи за загревање на дополнителни простории или за поседување на компјутери.

-Залудно ние зборуваме и се објаснуваме кога ” важните” веќе решиле како ќе биде. Парите во џеб, оправдување – скапа е струјата. Кои неспособни сподоби, книги нема за децата, сега греење ќе нема, за стратегија за образование ич да не зборам.

– Да се преполови администрацијата, министерствата, разноразните агенции и парламентот е најекономично решение. Кога ќе се елиминираат паразитите ќе живне економијата. Нека не се секираат, ги чека работа во приватен сектор … само таму нема да цицаат, туку ќе се потат …

-А има ли секое дете своја загреана соба дома. Со онлајн настава целото семејство се заложници, никој не смее да се движи низ станот, никој не смее да зборува …… . Како ќе биде часот по фискултура. Прашање до предлагачите: дали е поисплатливо и попрактично да лижат сладолед онлајн.

-Ако се штеди во школите ќе се троши во домаќинствата, а дали се размислува кој ќе ги чува децата 2 месеца, ќе се удри по буџетот на домаќинствата, или и родителите ќе бидат на одмор.

-За учениците мора да има греење оти они ни се иднината наша ако треба нека се исклучат уличните светла.

-Државата е должна да обезбеди греење во училиштата зошто на овој начин на учење онлајн децата ни останаа неписмени .



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.