Црна Хроника

ретро ОБЈАВА: Инспекторот Сопронов: Обезбедив снимка на која се гледа кој го претепал сопственикот на Доказ

ОБЈАВЕНО 2015 ГОДИНА

„Јас на обвинителот му доставив видео снимка и идентитет на лицето кое го мава со телескопски пендрек нападнатиот новинар на 20 јули“, вели за Либертас инспекторот Алексеј Сопронов.

stamenkovski

Вели дека пред да замине на одмор работел на случајот и по свои канали обезбедил видео снимка од камера од соседните продавници на која јасно се гледало лицето кое удира и уште три лица кои учествувале во нападот.

– Се беше спремно за поднесување кривична пријава за лицето чиј идентитет го наведов, а истото е добро познато на полицијата за разни незаконски дејанија, и уште за три непознати лица чиј идентитет дополнително треба да се утврди – вели Сопронов.

– Јас сум 18 години активно во служба во МВР, инаку сум доктор по правни науки, и наскоро ќе издадам книга за трговија со луѓе и човечки органи во Македонија. Тоа ми е специјалност, а до одморот работев во одделот за насилен криминал – вели тој.

На нашето прашање дали заради случајот со претепаниот новинар е по казна деградиран и распределен во полициската станица Чаир како обичен нспектор, вели дека тоа сега не сака да го коментира, но нема да се помири со таквиот однос кон него.

– Јас сум професионалец, си ја работам работата и не прифаќам влијанија без разлика дали тоа моментално ќе ми се одрази – ни вели Сопронов.

Ни кажа само дека пред една недела обвинителот кој го работи случајот го викнал и дека тој му ја објаснил видео снимката и што тој открил во истрагата.

Натаму обвинителот си бара, ургира, а дали и што и зошто не ги добива од МВР доказите од истрагата е работа на МВР и јавниот обвинител – вели Сопронов.

Натепаниот Марјан Стаменковски објави дека зад неговото тепање стојат лица од групата на деликвент познат како Нинџа а дека било одмазда од екс директорот на УБК, Сашо Мјалков.

За случајот е известен и Хелсиншкиот комитет кој покажал интерес.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.