Колумни

РЕМЕНСКА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Верувам дека, Гоце Делчев не би сакал да биде етнички или верски дефиниран, зошто самиот себе си се сметал за народен човек

фб статус на Фросина Ременски

Македонија

Заболени
17,674
+45
Мртви
729
+4
Излечени
14,642
Активни
2,303
Last updated: 28/09/2020 - 14:41 (+02:00)

🎯 ТАБАКЕРАТА на Гоце Делчев – За идеолошко-политичката ориентација на македонската револуција !

Фотографија на Frosina Remenski.

Гоцевите напори, неговата свесна саможртва, неговите најинтимни бранувања, неговите бројни мисли, и денес звучат современо и актуелно. Денес кога се зборува, раскажува, преговара, протестира за него.
⁉️ Но, кој, колку и дали знае за неговото дело, за да биде достоен на Гоцевата ИДЕЈА, ВЕРБА И ДЕЛА !?
Во идејниот свет на Гоце Делчев, човек се исправа пред прашањето:
👉Дали одминатиот временски интервал не бил толку долг за да може во се да го надрасне и Гоце Делчев и неговото време, или пак пораките што тој ни ги остави имаат трајна вредност? и,
👉Дали неговите визионески погледи не допреле до идни времиња и состојби и за нас денес?
Изгледа вистината ги содржи позитивните одговори на двете прашања.

Гоце Делчев е основоположник на 👉политичката филозофија на македонската националноослободителна револуција. Доминантно значење за гоцевата политичка филозофија имале неколку околности:
1️⃣ Мнозинството од македонските револуционерни предводници го формирале својот идејно-политички поглед на светот во една релативно модерна историска епоха, црпејќи од најпрогресивните идејни струења и филозофски системи. Тие учеле од примерите на ослободителните движења кај другите народи и од социјалистичкото движење на Балканот и во Европа. Тоа им овозможило да го надраснат наследениот баласт од верско-националистички предрасуди, македонската граѓанска реакционерност која се покажала поопасна, заради цврстата поврзаност со владеачките буржоазии во соседните земји.
2️⃣ Македонската револуционерна идеологија се формирала прекршувајќи се низ призмата на сознанијата на нејзините најсветли носители дека се тие чеда на Македонија со чија судбина ја сврзувале и својата лична судбина. Знаеле дека се дораснати да бидат слободни граѓани, престаанувајќи да бидат „во своите души робови“, тие преку устата на Гоце Делчев ќе изјават: „Неопростиво е за нас, издигнати духовно повисоко, да трпиме и тегнеме и да чекаме други да не ослободат“.
3️⃣ За да стане визијата реалност, да се подигне Македонија до степен на признат меѓународен државно-правен субјект, Гоце Делчев согледал дека во исто време мора да се брани и нејзиниот интегритет – од секое туѓо посегање, мешање и влијание. По таа линија конкретниот сооднос на политичките сили наложувал, ослободителното движење да се движи од крупни офанзивни потфати за извојување на македонската државна самостојност (Илинден), како најсигурна гаранција за зачувување на интегритетот на Македонија, до барање соработка со младотурците, а со цел заеднички да се опстане во границите на уставна Турција (идеја која ја продолжил Јане Сандански).
4️⃣ Македонската револуционерна идеологија се формирала и низ сознанијата за постоење во Македонија на различните народности, етнички и конфесионални средини, со нивните посебни култури, јазици и традиции. Гоце Делчев и Ѓорче Петров како ретко кој нивен современик сестрано ја познавал Македонија со сета нејзина етничка и социјална шареноликост. Тие ги познавале социјалните и етничките услови во Македонија, затоа што ја изоделе пеш.

Личната судбина на Гоце Делчев не му беше наклонета: тој живееше само триесет и една година! На македонското ослободително дело можел да му се посвети само една деценија. Но, тој како идеолог и основоположник на револуцијата, брзаше да живее, живееше најинтензивно целиот согорувајќи во огнот на револуционерната треска што самиот ја запали и постојано го разгоруваше и тоа интензивно, што стана сепризнат корифеј на македонското ослободително движење.

 Појавата на личности како Гоце Делчев претставува императив на времето, израз на преломни моменти во историското траење на народите. Револуцијата што ја подготвуваше и заговараше Гоце Делчев како крупен општествено-преобразувачки потфат беше да го овозможи севкупниот развиток на поединците, на одделните класни, социјални и етнички групи, т.е. на народот во неговата целост.
 Појавата на Гоце Делчев како историска пресвртница во ослободителното движење затоа што за првпат било идејно-политички осмислено, организирано, масовно и со јасна визија за иднината. Дотогаш народниот неорганизиран отпор се сведувал на полустихијни востанија, а различната етничка и верска припадност беше само причина за антагонизам наместо за обединетост.
🚩Гоце Делчев не појде по тој пат.
 Тој прокламираше ослободителното дело да биде понесено од поробените маси на сите верски и етнички групации во Македонија, а во името на нивните заеднички поблиски и подалечни интереси. Политичката мобилизација на прогресивните сили што ги предводеше Гоце Делчев се вршеше врз платформата на социјалното, политичкото и националното ослободување на сите, а не само на словенскиот, уште помалку на егзархискиот дел од населението. Во таа смисла Гоце Делчев во своите агитаации меѓу народот истакнувал дела целите на македонската револуција се „слободна и независна Македонија, со широки права на сите сиромаси, од сите нации, религии и јазици во неа“.
За да ја оствари оваа обединувачка идеологија Гоце Делчев вложил гигантски напори, затоа што пред себе ја имал неорганизираната народна маса која чека спас. Пречките, противниците и непријателите биле и моќни и бројни од сите бои и нијанси – од османлискиот систем и хамидовскиот деспотизам, до наследената фаталистичка филозофија и ропска летаргија на значителен дел од народот.

Гоце знаел дека националното ослободување ги има своите реални предуслови и подлога, затоа што идејата за македонската државност се засновала врз сознанието дека Македонија, како заокружено и посебно подрачје во Европска Турција, веќе израснала во издиференцирана економска и национална целина на Балканот. Двојните задачи ги оцртувале контурите на двете основни насочености на револуционарната акција. Борбите – оружени, политички, културни и други, водени во име на одбранатаа на самобитноста и територијлниот интегритет свртени и кон интервенциите на балканските држави, и против поддржуваачите на османско-хамидовскиот систем.

Во фундирањето на таквите задачи Гоце Делчев имал вонредна улога. Притоа, честите кризи на опака стомачна болест и постојаните ниски подметнувања му носеле несносни физички и духовни болки.

 Гоцевиот личен пример ни доаѓа, за да објасни и една поопшта закономерност на човековиот прогрес: Зошто народните револуции во својот брз од, редовно ги испревртуваат силите на мракот, на реакцијата?

🚩Гоце Делчев и Ѓорче Петров ги поставиле двата основни принципи на револуцијата. Првиот принцип ги расчистува патиштата на едно сенародно, демократско, антифеудално и народноослободително движење, преку отворени врати за „сите незадоволни елементи“ од сите народности. Учеството на сите било гаранција за рамноправноста на сите во слободна Македонија. Гоце се залагаал за обединување на конфесионално поделеното македонско словенско население (егзархисти и патријаршисти).

👉Гоце Делчев војувајќи против Отоманското царство „како господаречки систем“ не ги мразеше и не можеше да ги мрази „Османците како народ“, а други за него ќе посведочат дека, „и Власи и гркомани го пречекуваа како сакан гост и го испраќаа како роден брат“.
Оваа гоцева карактерна особина и идејна ориентација ќе ги доведе Крушевските револуционери од Илинден 1903-та до познатиот Манифест, упатен до „браќата Муслимани“, а соборците на Јане Сандански – до тесна соработка со младотурците и до заедничките борци во Цариград во 1909 година, во одбрана на отоманскиот Устав; потоа до соработка со албанското и ерменското ослободително движење.
За оваа негова особина во „Револуционерен лист“ пишува:
👉„Туѓ на секаков шовинизам тој работеше за сите кои страдаат од тиранијата. И пред неговото племено и убедливо слово исчезнуваат сите национални непријателства во име на една самоуправна Македонија“.
👉Јане Сандански како негов современик овие Гоцеви зборови ги пренесе вака: „Шовинизмот ја помрачува светата идеја. Револуционерот во својата љубов кон луѓето треба да биде вистински човек и да не го дели народот по ниту една основа – најмалку верска и етничка“.
👉Гоце истакнувал: „Успехот на нашата борба ќе дојде со планомерна револуционерна работа, со која ќе се наложиме на просветните Турци, Грци, Власи, Албанци; ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, заснована врз радикални социјални принципи во животот, и тогаш тие доброволно ќе ни подадат братска рака и здружено ќе ја продолжиме борбата“.

🚩И Гоце Делчев и Ѓорче Петров заради одбрана на постулатите на револуционерното движење и борбата против врховизмот подолго време претстојувале во Софија. Гоцевиот придонес во одбраната на револуцијата од врховизмот е огромен. Нему како вистински кадровик, му припааѓа најголемиот дел од заслугите за изнаоѓање и издигање на раководните кадри на македонскаата револуција, кои и по него ќе го продолжат делото на одбраната на македонската самостојност. И на тој план Сандански и санданистите, но не само тие, не беа само негови соборци, туку и продолжувачи на неговото дело.

 Општопризната е Гоцевата заслуга за вклучување на селанството како најмасовна социјална база во револуционерното движење. Тој водел сметка за национално-политичкото поведение на збогатеното конзервативно македонско граѓанство и за сложената меѓунационална и меѓународна положба на Македонија. Забележал дека определени средини од ова граѓанство, не само што се чувствувале за припадници на туѓи национални организими, туку и се експонирале како политички спроводници на надворешни експанзионистички планови. Затоа и кажал дека, „Македонија има свои интереси и своја политика, таа им припаѓа на сите Македонци …“.

👉Придонесот на Гоце Делчев во изградба на воената страна на револуционерното движење и голема, заради неговото солидно војничко образование и партизанското војување на кое му се посветил во последната година од учењето. Создадените чети од него со негова лична и посредна помош, придонеле за масовност на движењето и организацијата, а подоцна неговата селска милиција ја понесе вооружената акција. Причина за неговата побуна против востание на пролет во 1903-тата, заради недостатната подготвеност. Гоцевиот концепт на тактиката и стратегијата на востнието подоцна се препознаваа во востаничките акции кои ги водеа неговите следбеници.

…………………….

🚩Оваа кратка историска лекција ја допира суштината на идеолошката определба на Гоце Делчев како социјалист, анархист, политички филозоф на македонската револуционерна борбаа, учител и обединувач на сите околу идејата за борба против секаков вид тиранија, ропство, сиромаштија и етничка и верска поделба на народите кои живееле и живеат во Македонија.
🚩Неговиот идеал ги обединува сите кои ја сакале и се бореле за слободата, независно во кој географски дел на Балканот живееле. Затоа е признат од сите современи балкански држави.

 Јас верувам и се надевам дека, дебатата околу Гоце Делчев со соседска Бугарија ќе се води низ призмата на современите европски текови на прогрес и заедништво (врз чии постулати почива Гоцевата идејно-политичкаа орентација), и низ неговата призма на „културен натпревар помеѓу народите“ и подавање на рака околу заедничките соседски поблиски и подалечни интереси (економски, европски).

🚩 Верувам дека, Гоце Делчев не би сакал да биде етнички или верски дефиниран, зошто самиот себе си се сметал за народен човек кој не прави разлики со сите етнички и верски различни од него – се определил како “чедо на Македонија”
Најмалку би сакал да го слават и бранат структури денес, кои во негово време тој би ги препознавал како „застапници на надворешни експанзионистички планови“, “новозбогатено граѓанство” или пак, следбеници на ликвидаторите на неговите најголемите следбеници (Даме Груев, Ѓорче Петров и Јане Сандански).

 Затоа, да научиме повеќе и подлабоко за идејно-политичката ориентација на нашето револуционерно и подоцна, антифашистичко движење, за да можеме со сигурност да зборуваме за нашите вистински вредности и нашата вистинската страна на историјата.

🚩Идеалот на Гоце Делчев е жив – „меѓународно признат државно-правен субјект Македонија“ на европското поле на културен натпревар помеѓу народите, обединети во борбата против шовинизмот, сиромаштијата и буржозијата која го експлоатира народот. Обединети без граници околу акцијата и мислата за слобода и почит на народите без разлика на вера и национална припадност.

🚩Овие вредности се заеднички за сите народи и држави на Балканот и во Европа, затоа Гоце Делчев не може да разединува, туку може и треба само да не обединува по добро …, сите на Балканот.

🇲🇰 „Жив е тој, жив е! Таму на Балканот…,
Тој, којшто падне во бој за слобода, тој не умира: него го тажат земја и небо, ѕвер и природа и пејачи песни за него пеат…
Настанаа вечер – месец изгрее, ѕвезди опсипјат сводот небесен, гора зашуми, ветар повее, – Балканот пее ајдучка песна!“

СЛАВА МУ !

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker