Забава

Рекол, па порекол: Џамбазов сепак ќе пее во клуб каде се редовни балканските пејачки скупо е белото староо знаеме бело сирење се качи нели за сирење се збори

Случајна средба со колегата во Дојран. Јас во Дојран ќе свирам кога ќе станам популарен – се огласи шуменот, актер и музичар Игор Џамбазов на социјалните мрежи, покрај фотографија со рекламен постер на српскиот популарен пејач Ацо Пејовиќ, кој наскоро ќе има концерт во Дојран.

Џамбазов изминатиот период се најде во центарот на вниманието, кога јавно им се обрати на сите сопственици на дискотеки и клубови во земјава, кои ангажираат балкански пејачки, како што ги нарече, полуанонимни со една ипол песна во кариера, а ги плаќале пет пати повеќе од македонските музичари, да не го бараат додека е жив.

Неговата објава која доби околу 10 илјади допаѓања беше доста коментирана, и покрена низа на прашања околу тоа дали музичарите од Балканот навистина ги заслужуваат големите хонорари кои ги добиваат на гостувањата во Македонија, но и дали македонските пејачи можат да привлечат доволен број на гости на своите концерти, односно дали на угостителите им е финансиски исплатливо да ангажираат наши музичари.

Сепак, и покрај многубројните критики на сметка на гостувањата на балканските пејачи кај нас, тие се редовни во клубовите во земјава, а за настапите се бара билет повеќе, и покрај високите цени на влезниците.

Така на пример, српската турбо фолк ѕвезда Јелена Карлеуша, која е една од најчесто критикуваните дека промовира неквалитетна музика и голотија, пред пет дена гостуваше во Битола, а пак пред четири дена пееше во клуб во Струмица кој го наполни до последно место.

Иако Џамбазов порача дека нема да свири во клубови кои ангажираат ,,полуанонимни балкански пејачки” сепак и тој во петок ќе настапи во истиот клуб, заедно со ,,Нокаут”.
Пред тоа, во истиот локал гостуваа Маја Беровиќ, Милица Тодоровиќ, Александра Пријовиќ, Сека Алексиќ, Ацо Пејовиќ, Катарина Грујиќ, Џенан Лончаревиќ и многу други регионални пејачи.

Наспроти негодувањата и критиките, клубот работи со полна пареа секој викенд за време на концертите на балканските музички атракции.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.