Колумни

РЕКЕТКИТЕ НА ТОМЕ

РЕКЕТКИТЕ НА ТОМЕ

На една од минатите седници на Владата беше разрешен полуписмениот директор на Државен просветен инспекторат ТОМЕ СПИРОВСКИ. Типот во неговата славна функционерска кариера успеа да не заврши средно техничко училиште во Куманово, па купувал фалц. Ама затоа на волшебен начин завршил факултет, па преку кумановското образование дотурка до ДИРЕКТОР НА ДПИ…

Неговото разрешување помина без коментар во јавноста, иако не е разрешен затоа што е уморен од функција туку заради криминал. СПИРОВСКИ имал криминален дил со адвокатот СТОЈАНЧЕ ГЕРОВСКИ. Го ангажирал како правен застапник на ДПИ, па за да извлечат повеќе пари од Буџетот го делегирал да застапува на суд и предмети кои можеле да се решат со инспекција од просветни инспектори. Ама, така ќе немало наплата на ,,адвокатски трошоци,,, пари кои Томе и Стојанче си ги делеле братски. Има пријава против ТОМЕ СПИРОВСКИ за овој криминал до обвинителството и финансиска полиција, да видиме дали СДСМ ќе испрати депеша до двете институции ТОМЕ ДА БИДЕ АМНЕСТИРАН!

Но, тоа не е сѐ! ТОМЕ СПИРОВСКИ за тригодишното директорување, со одбрана послушна група просветни инспектори воспоставил РЕКЕТ ШЕМА врз универзитетите кои фингираат школување студенти, кои воопшто немаат професорски кадар да ги покријат бројните факултети за кои ПРОДАВААТ ФАЛЦ ДИПЛОМИ, па за да не вршат инспекции, за да не констатираат криминал, на сопствениците на таквите универзитети им наплаќале МИЖЕЊЕ или ПРОГЛЕДУВАЊЕ НИЗ ПРСТИ…

Во прилог ви давам пример како оди РЕКЕТКАТА:

Правен факултет на ЕУРМ, основан од двојно лажниот доктор, ЗАСТАВНИК БОЈО, има ДЕКАН МАРЈАН ГАБЕРОВ а тој има колега ЃОРЃИ СЛАМКОВ. Тие двајца глумат повеќе професори одеднаш, дури закажуваат предавања по повеќе предмети во исто време и не ги одржуваат затоа што сето тоа е ФИНГИРАНО.

МАРЈАН ГАБЕРОВ ПРЕДАВА ИСТОВРЕМЕНО 31 ПРЕДМЕТ НА НЕШТО ШТО СЕ НАРЕКУВА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ НА ЕУРМ!!!

ЃОРЃИ СЛАМКОВ ПРЕДАВА 12 ПРЕДМЕТИ НА ИСТОТО НЕШТО КОЕ СЕ НАРЕКУВА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ НА ЕУРМ!!!

Во законот за високо образование, во член 161, став 9 и 10 јасно е пишано дека еден професор може да предава НАЈМНОГУ ЧЕТИРИ ПРЕДМЕТИ. ЕНДЕ!

За да не се врши инспекција по која ЕУРМ мора најмалку да ја затвори катедрата на она што го нарекуваат правен факултет, ТОМЕ СПИРОВСКИ и инспектори под него наплаќале надомест кој популарно се нарекува РЕКЕТ!

Оваа шема е применета на сите слични криминални универзитети, на кои главна дејност им е продажба на ФАЛЦ дипломи. Томе Спировски бил врвот на пирамидата, а инспектори под него биле распоредени кој од каде ќе собира АРАЧ ЛУТ БЕЗ ЖАЛ во вид на ЌЕШ!

Сега ни преостануваат две опции. Првата е СДСМ и ДУИ да си ќутат и да се прават нетокму и од нетука и ова да го игнорираат или да се спроведе поширока антикоруптивна акција во подготовка и режија на министерот за промоција на корупција ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ…

Зоран Буревесник

Фотографија на Зоран Буревесник Божиновски.

Фотографија на Зоран Буревесник Божиновски.

Фотографија на Зоран Буревесник Божиновски.

Фотографија на Зоран Буревесник Божиновски.

Фотографија на Зоран Буревесник Божиновски.

Фотографија на Зоран Буревесник Божиновски.

Фотографија на Зоран Буревесник Божиновски.

 

Македонија

Заболени
55,127
Мртви
1,546
Излечени
32,894
Активни
20,687
Last updated: 24/11/2020 - 13:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.