Колумни

Рејтинг, партии, анкети, пари и идиоти

Македонските граѓани за нецели 6 недели  имале две дијаметрално спротивни ставови за довербата во политичките партии.

Поточно, за нешто повеќе од 30 дена според анкетата спроведена на барање на ист нарачател – Македонскиот центар за меѓународна соработка, граѓаните направиле промена во ставовите кои што се крајно нелогични.

Имено според анкетата на МЦМС спроведена на крајот на јули најпопуларна партија била ВМРО – ДПМНЕ со нешто над 27 % доверба а втора најпопуларна партија била СДСМ со 22,7 %.

Четириесет дена подоцна според истиот нарачател работите се менуваат драматично. Сега во водство е СДСМ со 24,3 а рејтингот на ВМРО – ДПМНЕ е намален за околу 7 % и сега е 20,9 % на национално ниво.

Дали рејтингот на ВМРО – ДПМЕН во јули е превисок или растот на СДСМ во септември е фингиран е помалку важно. Она што недостасува а што на нарачателот на анкетите МЦМС ќе му помогнеше да добие на поголема релевантност е образложение зошто во овој екстремно краток период дошло до вакви драматични промени.

Ваквите драматични промени можат да бидат логични ако во овој период имаше некаква национална драма, некаков настан со кој што владеачката коалиција ќе добиеше јавни поени, но такво нешто барем според неутралните набљудувачи немаше.

Единствената работа која што донекаде може да ја оправда ваквата промена е ослободување на дел од јавноста од стравот да каже што мисли за политиката, ситуација кој што нарачателот можел да ја реши со едно прашање од типот „Дали предходно се плашевте да го искажете својот став за политичите партии“.

Другиот фактор што дава некаква логика во резултатите на анкетите е традицијата спроед која македонските граѓани секогаш се со победникот односно со власта и тоа не може да се исклучи како причина за промената. На промените треба да се гледа и од аспект на отворањето на низа „потрошувачки скандали“ односно недомаќинско однесување на предходната власт но такви имаше и предходно и ако тие биле причина за промените веќе биле дел од анкетата спроведена во јули.

Покрај „ослободувањето од стравот“, потребата да се биде со власта и скандалите со користење на банкарските картички од страна на директори иминистри другите причини за промена повеќе би оделе во корист на опозицијата.

Во овој период Македонија потпиша контраверзен договор со Бугарија за кој поголем дел од јавноста смета дека е штетен за земјата и со тоа поени доби опозицијата а не власта што несоодветно е претставено во анкетите.

Друга причина за намалување на рејтингот на власта покрај низата кадровски скандалчиња во владата е дебатата за законот за јазиците кој што не е одобруван ниту од членови на СДСМ а не пак да биде причина за промена во нивна корист на државно ниво.

Во овој корпус прашања кој што може да ги прави спорен анкетите на МЦМС е и прашањето за мигрантите но тоа со оглед на малиот број на бегалци на наша територија не може да се смета за прашање кое значително оди во прилог на опозицијата.

Причина повеќе анкетата на МЦМС да е спорна е и незадоволството кај пензионерите кои што се збунети дали пензиите ќе им бидат зголемени како што тврди власта, ќе им бидат намалени како што тврди опозицијата или пак ќе остане на исто ниво.

Сепак, падот на рејтингот на ВМРО – ДПМНЕ за еден месец за околу 7 проценти и растот на СДСМ за околу 2 % односно промената на мислењето на околу 100 илјади луѓе е нелогична особено во период на летните одмори, почеток на учебната година и сезоната за подготвување на зимница.

Македонските граѓани не се идиоти а тоа треба да го знаат и партиите што ги нарачуваат анкетите, и агенциите што ги спроведуваат и партиските ПР менаџери кои што мислат дека луѓето се водат од тоа како гласаат другите.

На локалните избори за еден месец некој сигурно ќе биде идиот, најголема шанса за тоа имаат тие што за еден месец даваат дијаметрално спротивни анализи за тоа како размислуваат граѓаните.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.