Црна Хроника

Рауфи: УБК ја донесе групата во Диво Насеље

Адвокатот на одбраната во случајот „Диво Насење“, Насер Рауфи, во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека сега веќе осудените терористи во Диво Насеље биле донесени од УБК.

На прашањето зошто тие прифатиле, Рауфи вели дека биле изманипулирани под превезот на борбата за човекови права.

Снимател на ТВ 21 задржан во полициска станица под сомнение дека ја снимил судијката од Диво Насеље

Снимателот Ибрахим Мамути на ТВ 21 беше задржан во полициска станица 6,5 часа, поради тоа што полицијата се сомневала дека ја снимил судијката од Диво насеље, објави телевизијата 21.

„Денеска околу 12:30 минути влеговме во судница за да направиме инсерти од обвинетите, како и снимателот од сите други телевизии. Но денеска се случи нешто друго. Полицијата се сомневаше во тоа дали сум ја снимил и судијката. Еден мој колега се обиде да ја фотографира судијката, но не ја направи фотографијата. Јас бев близу него, така што полицијата помислила дека сум ја снимил јас и одеднаш станав осомничен. Потоа ми беше контролиран целиот мој материјал од камерата. Полицијата ме контролираше и во судските простории и во полициската станица, но не најдоа снимки од судијката“, изјави снимателот на Тв21, Ибрахим Мамути.

Новинарите кои беа присутни во салата велат дека судијката почнала да вика кон фотограф од Косово кој стоел до Мамути да не ја слика, по што ја повикала полицијата да интервенира и да ги избрише сликите. Косовскиот фотограф тврдел дека нема фотографии од судијката.

-Те пуштив да влезеш без акредитација, ти уште ќе ме сликаш, рекла судијката.

Инаку, фотографирањето на судијата и судскиот совет е забрането. Тоа е дозволено само за обвинетите и останатите присутни во салата.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:41 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.