ЗанимливостиСпорт

РАКОВОДСТВОТО НА ВАРДАР ГО ОБВИНИ САМСОНЕНКО ЗА НЕУСПЕХОТ!

Откако ФК Вардар и официјално претрпе катастрофа сезонава и не успеа да се врати таму каде што му е местото, во елитата, денеска раководството на клубот излезе со соопштение. Се разбира секој има право да си го каже својот став, но исто така секој има право и да го коментира тој став.

Да се разбереме, ако испаѓањето на Вардар во втора лига беше дебакл, тогаш невраќање во елитата сезонава е хаварија, УЖАС, КАТАКЛИЗМА од несогледливи последици.

Во соопштението сегашното раководство на ФК Вардар како да сака ја префрли вината за она што се случуваше сезонава па го обвини и Сергеј Самсоненко, поранешниот прв човек на Вардар, за неуспехот.

Малку чудно…но така е тоа…

Во продолжение можете да го прочитате целото соопштение на сегашното раководство на ФК Вардар..

По завршувањето на оваа сезона и по неуспехот да се оствари главната зацртана цел со должна почит кон сите наши симпатизери време е за да ги резимираме работите.

Фудбалскиот клуб Вардар на почетокот на оваа сезона ги преживуваше најтешките мигови во својата 75-годишна историја.

Вардар не е обичен клуб. Вардар е иконата на македонскиот спорт и за сите што себеси се идентификуваат со Македонија и со најдоброто од Македонија на фудбалски план. Нека им е на чест на сите што придонесоа најголемиот клуб да се најде на работ на егзистенцијата и да испадне во втора лига и што ја доведоа скопската гордост на работ на згаснување со лошото управување со клубот.

Изминатава сезона беше турбулентна, со лоши и добри моменти за кои што секако делумна вина постои и кај нас во управата.

Но, ние го гледаме Вардар како долгорочен проект за враќање на стариот сјај и тоа е процес кој што неможе да се реализира преку ноќ иако притисокот од сите е голем соодветно за името кое што го носиме.

Сега следи период на анализа, по кој што во блиска иднина ќе излеземе со комплетно нова организациоска поставеност и структура на управниот одбор за управување со клубот како и зајакнување на финансиското работење и зголемување на буџетот.

Најаувваме и враќање на стариот сјај на познатата вардарова школа за млади играчи, кои што во иднина ќе бидат столбот на нашиот клуб.

Вардар ќе се врати посилен како никогаш во тоа бидете сигурни. Ќе застане повторно на нозе спортската и фудбалска гордост на Македонија и ќе имаат одново причини за радост и за славење сите симпатизери и навивачи.

Секогаш и секаде со Вардар



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.