Македонија

Раководството на СДСМ не се оградува од Заев, туку од Црвенковски: Бранко Црвенковски е историја! А вас ви е слатка власта

ЉУПЧЕ ТИ И КОСТА НЕ СТЕ ПАРТИЈАТА ПОКАЖИ ДЕКА ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР ГЛАСАЛ ДЕКА СЕ ЗА ЗАЕВ ЛАЖЕШ КОПУК АМА ДЕНОВИВЕ ЗА ТЕБЕ ЌЕ ПИШАМ

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на неговиот Фејсбук профил објави дека искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ, а дека поранешниот партиски лидер и екс претседател на државата Бранко Црвенковски е историја.

Како што наведува Николовски, ставовите се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, и се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори.

„Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи. Знаат граѓаните што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата. Знаат граѓаните кој носи одлуки без разлика на политичката кариера, исклучиво водејќи се од интересот на целиот наш народ и татковината. Моќта на СДСМ произлегува од секој член на СДСМ и од високата свест за одговорност и државништво на секој член на СДСМ. СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја“, пишува Николовски.



Македонија

Заболени
89,463
Мртви
2,739
Излечени
74,800
Активни
11,924
Last updated: 21/01/2021 - 06:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.