Црна Хроника

Пукање во Скопје, две лица повредени

Burim Masllani go pukal Mejdi Asan

Едно лице се здоби со повреди на десната нога, а друго со  расекотини по лицето, откако попладнево на паркинг во Скопје било пукано во колата во која се наоѓале, информираа за МИА од  Министерството за внатрешни работи.

-Според првичните информации денеска околу 16:40 пријавено е дека на паркингот на ОУ „Живко Брајковски“ на улица „Хо Ши Мин“, каде претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото. Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди- расекотини по лицето,  наведуваат од МВР.Како што дополнуваат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 22:30 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.