Македонија

Први два случаи на Ковид 19 во Неготино, хмм а да си проверите да не е обичен грип? Симптоматично терате

Во денешната објавена статистика, регистрирани се и првите два позитивни случаи на корона вирус од Неготино. Според информациите од Ценарот за јавно здравје станува збор за сопружници на 73 и 76 годишна возраст.

 

Двајцата од денеска се во самоизолација, а се бараат лицата кои имале контакт со нив.

Дознаваме дека не се знае како точно се заразени двајцата, бидејќи жената не излегувала од дома, а сопругот со заштитна маска пазарел од маркетите.

 

 

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19.

 

По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.

 

Министерството за здравство информира дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.

 

Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

 



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 09:41 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.