Колумни

Протест против Стевчо подржикоњски и Јонче шишевскиот да не прават урбана мафија во Влае!

сите на протест Jonce e sdsm a brat mu draski e vmro stana milioneri so tenderi i blerim im dava

По вчерашниот пост ни пишаа уште неколку групи со искуство во борба против спорни ДУПови , згради или цели населби.
На средбата со другите кои во минатото се бореле со општини кои на прво место го ставале интересот на градежната мафија најавија учество и ДОМ Ѓорче Петров, жителите Трнодол и Жданец, на Маврово и Леуново, а стапивме во контакт и со За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода, Правда за Градиште и Глас за спас на Охрид.
Во борбата против градежната мафија и општините кои ги ставаат нивните интереси пред потребите на граѓаните потребна е поддршката и знаењето од што повеќе формални и неформални групи и организации. Градежниците имаат пари за поткуп, ние мораме да се држиме заедно и да бидеме побројни. На крај општините мораат да ги слушаат граѓаните.
Затоа борбите мора да продолжат и мора да бидеме побројни и погласни.
Се гледаме утре од 11 до 14ч на Делфина или во 13ч на средбата со овие организации, партии и граѓански групи, која ќе биде во некоја од сенките во тревниците со дрвореди покрај Партизанска.
Се гледаме на Од ❤ за Влае
На собирот во недела ќе присуствуваат граѓани од други населби и оштини кои имаат искуство со борба со ДУПови и објекти на спорни локации.
Најавија присуство членови на Шанса за Центар, Независни За Карпош – За Заштита На Карпош, Левица – Карпош, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, жителите на Пржино и Расадник, Козле, а поканети се и од други населби, па и Тетово сака парк / Tetova do park.
Целта на средбата е да споделиме искуства, знаење и да се спремиме за борбите што ќе следуваат. Во Влае, Карпош, но и другите општини кои во иднина ќе носат ДУПови во интерес на градежната мафија.
Ако познавате уште некои кои се избориле или имаат активна борба против општина или градежна мафија, ве молиме пишете ни кои се тие да пробаме да ги поканиме, поканете ги сами или известете ги да нѐ контактираат за да имаме соработка во иднина.
Пример: Жителите на „паркот на Принцовите“ во Аеродром, коишто протестираа против згради на тревникот околу игралиштето во 2013.
Борбата против градежна мафија и општини кои сакаат набрзина да донесат ДУПови, без консултација со граѓаните ќе трае долго.
Отпорот мора да расте и од соработка со поискусните сите ќе имаме корист.
Се гледаме во недела во 11ч на Плоштад Делфина на Од ❤ за Влае 🙂


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.