МакедонијаТоп1

ПРОТЕКОА ДОКУМЕНТИ – ЕВЕ ШТО ПРИФАТИЛ ГРУЕВСКИ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТА: Казни за директорите на институции каде нема да се зборува албански…

ВМРО-ДПМНЕ прифатиле и двојазичност и казни за директорите на институции каде нема да се зборува албански, само за СЈО не сакаа да слушнат! Според официјалниот текст во прегледот на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија од 2015-та година стои воведување за сите деца, освен на нивниот мајчин јазик,  учење на најмалку на уште еден друг јазик во службена употреба некаде во земјата.
Притоа да се даде приоритет на оние јазици што ги зборуваат најмалку 20% од локалното население во рамките на општината на чие подрачје се наоѓа училиштето. Соодветно прилагодување на обуката на наставниците, како и промовирање на заеднички дипломи и мобилност на студентите во Универзитетите во Република Македонија и нивно охрабрување да завршат дел од нивните студии и на друг јазик што се зборува во Македонија, пишува во текстот.
Да се подобри транспарентноста и поддршката за Советите на општините и Собранието како форум за конструктивен политички дијалог и застапување, зголемување на дискусиите за буџетот во Собранието, согласно забелешките на Извештајот за напредокот за 2015 година (стр. 7, 8, 11).
Да се обезбеди дека сите прашања кои се поднесени согласно принципот на Бадентер на централно ниво, исто така се претставени преку истиот принцип и на локално ниво, вклучувајќи го и образованието и распределбата на локалните буџетски средства.
Зголемување на транспарентноста во распределбата на блок дотациите за образование од централното на локалното ниво со воведување на Бадентеровиот принцип за централниот буџет (двојно мнозинство) во Собранието.
Целосно да се спроведува Охридскиот рамковен договор и Уставот и да се признае јазикот како важен елемент на идентитетот и како средство за зајакнување на идентификација со државата и промовирање на разбирањето меѓу заедниците.
•Усвојување на нов сеопфатен закон за јазиците со кои треба да се појасни значењето на Амандман V на член 7 од Уставот.
•Да им се овозможи на сите граѓани да се обраќаат до централните институции на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, без оглед на населеното место, обезбедување на превод на подзаконски акти за граѓаните од албанската заедница, да се обезбеди автоматско издавање на личните документи за граѓаните од албанската заедница,  да се дозволи претседавањето на собраниските седници на албански јазик , да се разјаснат одредбите за јазикот во Законот за локалната самоуправа, да се вклучи и  Градот Скопје,, да се стандардизира употребата на службените јазици за сите јавни знаци, да се обезбеди целосна имплементација и промоција на правата на јазикот во судството.
Извор: Центарњус

(ФОТО) ПРОТЕКОА ДОКУМЕНТИ - ЕВЕ ШТО ПРИФАТИЛ ГРУЕВСКИ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТА



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.