Свет

Проститутка која што наплаќала по 1500 евра на час, сега има своја агенција

Миа Кавински (30) била една од најплатените проститутки во Германија, таа наплаќала и по 1500 евра за еден час. Миа сега има своја онлајн агенција која што се занимава со бизнис придружби. Доколку ви треба девојка со која што ќе сакате да се појавите во јавноста, а сакате тоа да биде девојка само за една вечер тогаш обратете и се на Миа т.е во нејзината агенција Орхиди.

– Обично кога луѓето ќе ме прашаат како и зашто се бавам со оваа работа, претежно очекуваат да им раскажам тажна приказна како некој ме натерал на тоа, но тоа не е така. Јас едноставно го сакам сексот и ја сакав оваа работа. Сакав да студирам да патувам, а воедно и да имам брзи пари. – изјавила Миа.

Миа по потекло е од Летонија, а во Германија дошла кога имала само 19 години за да студира. Веднаш штом дошла во Германија почнала да работи како модел, а одтаму се поврзала со луѓе кои што и понудиле да биде бизнис придружничка. На почетокот на нејзината кариера 1 час забава со Миа бил по цена од 130 евра, за понатаму да биде 300 па 500 евра за на крај пред “пензионирањето” цената да биде неверојатни 1500 евра за час.

Миа изјавила дека нејзините клиенти не се перверзњаци и момци кои што сакаат да се изживуваат врз девојките, туку дека нејзини клиенти се бизнисмени кои што немаат време за излегување и додворување на девојки, туку се што сакаат е само добар и брз секс.

– Да бидеш професионалец во овој бизнис значи брзо да сфатиш што сака клиентот и да му го пружиш тоа.

Миа која што сеуште не сака да го открие своето лице кажува дека поголемиот дел од нејзините клиенти биле во врска или пак во брак.

Луѓето може да имаат отворени видици за многу области, но се тотално несигурни кога сексуалната култура е во прашање. Кога станува збор за бракот 100% сум сигурна дека сите луѓе ммажи и жени се полигамни. Моногамијата ме потсеќа на храна, ако секој ден јадеш само бифтек или само салата, дури и да ви е најомилена храна брзо ќе ви здосади. – додала Миа во интервјуто.

Сега Миа е во “пензија” т.е не работи повеќе како проститутка.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.