МакедонијаТОП

Пропаганда вредна четврт милион евра: Провладините медиуми шокирани затоа што Данела ја остварува својата програма

Точно 224.000 евра чини владината пропаганда против градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која без разлика што ќе направи е критикувана од неколку медиуми чиј предводник е токму медиумиот кој пред две години зема четвртина милион евра од владата, поточно од Фондот за Иновации.

Компанијата Веда ДОО Скопје во сопственост на сопругата на новинарот Горан Михајловски од порталот сдк.мк, Искра Јанковска Михајловска ги доби парите за противпоражен проект, иако таа е архитект и се занимава со архитектура.

 

СДК во своја статија го проблематизира бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во Град Скопје поради енергетската и економската криза која ја погоди Македонија, а е резултат на катастрофалните владини политики во изминатите 5 години.

Имено според сите релевантни статистика, пензионерите се едни од најзагрозените групи на граѓани во Република Македонија, бидејќи изминатите години пензиите се зголемија минимално, а инфлацијата галопира нагоре со што го јаде стандардот на оние луѓе кои ја изградија државата.

Тие немаат простор да најдат подобра работа и да ги зголемат своите примања и едноставно се потпираат на еден извор на средства, нивната пензија. Сега порталот кој зеде четврт милион евра од Владата проблематизира што Данела Арсовска сака да им помогне на пензионерите и да ги намали нивните трошоци.

Покрај пензионерите во автобусите на ЈСП Скопје повторно ќе се возат бесплатно и средношколците и студентите на државните универзитети, лица кои немаат никакви примања и се зависни од парите кои им ги даваат нивните родители.

Тоа значи дека во автобусите на градскиот сообраќај во Скопје ќе се возат околу 80.000 лица бесплатно, а оваа мерка се враќа по прекинот поради пандемијата на Ковид-19.

Претходно Данела Арсовска најави дека постепено ќе почне бесплатниот превоз за сите скопјани во автобусите на ЈСП Скопје, а еден од првите чекори е враќањето на бесплатниот превоз за пензионерите, студентите и средношколците.

Пред само неколку дена порталот СДК ја наметна дилемата кога Арсовска ќе го оствари своето ветување кон скопјани, а сега кога истото се остварува градоначалничката повторно е мета на напад. Очигледно не се навикнати да пишуваат за лица на политички функции кои ги исполнуваат своите ветувања.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.