Црна Хроника

Пронајден украдениот електричен тротинет на водителката oна мислела ќе ја ќецкаат ете ја излажале бе нека гнијат у затвор

Пронајден украдениот електричен тротинет на водителката

Полицијата го пронајде украдениот електричен тротинет на водителката од „Брза кујна“ Александра Илиевска, како и други два тротинета.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10 јули, за одземен електричен тротинет. Како што информираат од МВР, кај осомничените во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени три електрични тротинети, меѓу кои и оној на оштетениот.

Тротинетот е вратен на А.И., а двете лица приведени во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 09:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.