Колумни
При постојан Основен проект за реконструкција и доградба на Универзална сала Скопје од Градежниот Институт Македонија – Заев најавува нов.
При постојан Основен проект за реконструкција и доградба на Универзална сала Скопје од Градежниот Институт Македонија – Заев најавува нов.
Проектната документација на ГИМ предвидуваше целосно реконструирање на постојната, централна сала, која се простира на 4.000m2 и има 1400 седишта. Таа ќе добиеше нов ентериер, обновен влезен хол и фоаје, нова покривна купола и галериски простор, како и модерна сценска технологија и механика.
На дополнителните 4.000 квадрати, беше планирано да се доградат нови сали – повеќенаменска сала со 200 седишта, конгресна сала со 120 седишта, четири мултимедијални сали со капацитет од 30 до 40 седишта и шест простории за билатерални средби. Исто ќе се доградат и простории за администрација и други придружни простори.
Се предвидуваше демонтажа и отстранување на постоечката влезна партија и во прстенеста форма да се доградат нови содржини: како изложбен простор, кафетерија, продажен простор, соодветен простор за изведувачите, гардероби и гримиорни.
Околу постоечкиот објект се предвидуваше и изградба на подземен паркинг со две нивоа од околу 5.000m2, во кој ќе може да се паркираат 94 возила, од кои 8 за лица со специјални потреби. Надземно беше предвиден простор за паркирање на дополнителни 6 возила.




Македонија
Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:41 (+02:00)