БалканЦрна Хроника

Преживеано лице тврди дека се спасиле осум, а не седум патници

На местото на автобуската несреќа се пронајдени 44 трупа, наспроти наводите дека во несреќата настрадале најмалку 45 лица, рече портпаролката на главната обвинителка на Бугарија, Сијка Милева.

„Оттука доаѓа и простата математика дека ние располагаме со податоци дека во автобусот патувале 52 патници. Најдовме 44 трупа, во болница се хоспитализирани 7 лица, 4 мажи и 3 жени. Останува големата загатка – каде е осмото лице? Работиме по таа верзија, не сакаме да правиме забуна пред јавноста. Може да станува збор и за несоодветна изјава од очевидецот“, рече Милева.

Како што појасни таа, еден од преживеаните категорично изјавил дека се спасиле 8 лица.

Таквата појава, главниот истражител, Сарафов, ја толкува како можнос еден од патниците во автобусот, да преминал во некој од другите три автобуса коишто биле заедно со изгорениот.

„Во моментот тоа е загатка за нас, но ќе биде предмет на истрагата“, вели Сарафов.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:30 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.