Балкан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека ќе поднесе оставка од раководството на Српската Напредна Партија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека ќе поднесе оставка од раководството на Српската Напредна Партија (СНС) по истекот на неговиот претседателски мандат јавија српските медиуми.

– Десет години сум на чело на партијата и ќе бидам таму до мај. Мислам дека е доволно, веќе имам четири кандидати за наследник во главата. Мислам дека тоа е доволно. Во главата веќе имам четворица кандидати за наследник. Време е за нови луѓе, јас сум веќе 10 години на нејзиното чело. Се повлекувам бидејќи не сакам да загрозам што било пред тоа и победата на партијата на изборите – порача претседателот на партијата и на државата, кој, како што рече, веќе имал во главата четири кандидати за наследник.

Тој додаде дека сака, како што вели, да ужива во секојдневни работи од кои политиката го оддалечила.

– Би се зачудиле кога би кажал дека и јас имам топлина и емоции, понекогаш сум и јас човечко суштество, си кажувам дека ова го можам, а ова не. Не сум бил ни еден ден на море, можеби сум сакал да бидам нормален, обичен човек … Да видам што ми прави ќерката, малиот син да го однесам на џудо, кошарка, големиот веќе не ме рецка два отсто – рече Вучиќ на телевизијата К1.

На прашањето дали би се вратил на премиерското столче, Вучиќ одговара со прашањето:

– Па дали навистина мислите дека тоа е возможно?!

Тој истакна дека живее за она што ќе се пишува за него за 50 години, пренесува Б92. Српскиот претседател исто така рече дека презира насилници и дека главно соработува со жени, бидејќи многу ги почитува.

– Околу мене се главно жени. Сите тие жени веќе 10 години се со мене и ниту една не заминала. Во нашата влада има најголем процент жени. Поголемиот дел од мојот тим го сочинуваат жени. Веројатно на човека му судите по делата – објасни Вучиќ.

Осврнувајќи се на коментарите дека не е „топол“ и срдечен во комуникацијата, Вучиќ рече дека нему му е работа да зборува за работите кои не им се допаѓаат на луѓето, а не да „се фотографира со миленичиња“.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.