На прашање поставено од страна на мој познаник , а поврзано со шпекулациите за наводната промена на партиското раководство на СДСМ ОО Кичево од страна на ИО на СДСМ , Претседателот на СДСМ ОО Кичево , Игор Лазарески познат како Пандил , одговорил : ” НЕКА ЗБОРУВААТ КОЛКУ ШТО САКААТ , НИКОЈ НИШТО НЕ МИ МОЖЕЕ , ЛИЧНО ШЕФОТ , ЗОРАН ЗАЕВ СТОИ ПОЗАДИ МЕНЕ ” . Очигледно бил во право … додека МВР ги спроведува законите со малтретирање граѓани и тероризирање на беспомошни невработени и сиромашни жени – мајки , кои се обидуваат на чесен начин , со продавање цвеќе , да заработат , како би можеле да ги прехранат своите деца , истите тие закони не важат за партиските пулени назначени лично од премиерот Зоран Заев . Инаку , Игор Лазарески – Пандил , е познат помеѓу Кичевчани по непочитување на сообраќајните правила , како најмногу по своето “каубојско” паркирање автомобил на пешачки зони – тротоари и зони на кои е строго забрането паркирање и застанување на возила , а нормално се тоа толерирано од страна на МВР Кичево откако СДСМ управува со министерството . Нема што да се коментира повеќе , фотографиите сами зборуваат за самоволието на гореименуваниот “Господин”, за неговото дивеење , за возењето под дејство на алкохол и брзина од 220 Km/h , но исто така би сакал да ве предупредам , да внимавате кога се вклучувате во сообраќај и добро да размислите дали треба да ги пуштите вашите деца сами да одат на училиште , зошто тие кои се задолжени и платени со ваши тешко заработени пари да се грижат за вашата и безбедноста на вашите деца , се токму тие кои ви ја загрозуваат истата
