Македонија

ПРЕТРЕСОТ ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА БИЛ ПО ПРИЈАВА ВО ВРСКА СО „БЕСА ТРАНС“

Нема достапен опис

Firemans , police officers, and investigators inspect the wreckage of a bus where at least 45 people were killed when a bus with North Macedonian plates caught fire on a highway, near the village of Bosnek, in Bulgaria, November 23, 2021.

Една од анонимните пријави за кои што обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска обезбедила судска наредба за проверка во Управата за финансиска полиција (УФП) била за станицата во која што бил извршен технички преглед на автобусот на „Беса Транс“ што изгоре во Бугарија, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Во автобуската несреќа на 23 ноември лани загинаа 45 луѓе.

Како што дознаваме, тимот обвинители и истражители претходно обезбедиле документација од најмалку четири институции од локалната и од извршната власт, со што ги обезбедиле индициите за можни нерегуларности, што било доволно најверојатно и судијата веднаш да потпише наредба за да се проверат тврдењата во анонимната пријава преку претрес на документите во Финансиската полиција во врска со оваа станица за технички преглед.

Предистрагата е најтајниот дел од една кривична постапка, па од Обвинителството за организиран криминал и корупција засега не може да се обезбедат никакви дополнителни податоци или какви било детали за тоа како е поврзана Финансиската полиција со оваа станицата за преглед.

Според она што досега е објавено од обвинителството во врска со претресот во УФП, во врска со кој директорот Арафат Муареми најави дека ќе поднесе кривични пријави за обвинителите, а Русковска ја пријави кај државниот обвинител Љубомир Јовески и во Советот на јавни обвинители, се знае само дека од бараните од околу 300 предмети, дадени се на обвинителството само 30-тина, за кои веќе има кривични пријави.

Незавршените предмети, кои што се од интерес за обвинителите од Организиран криминал и коруција, сè уште не се доставуваат.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.