КолумниТОП

Премиерот ни е дрзок, арогантен и неискрен

(Мал осврт на пресот на премиерот Dimitar Kovacevski) На едно сосема културно поставено прашање од страна на новинар, нема да навлагам дали беше полн погодок прашањето или не, премиерот одговори арогантно и навредливо го започна одговорот со “Првин ако добро сте следеле и ако сте плаќале сметки за струја, не знам вие дома дали плаќате сметки….” (wtf?) На прашање на друг колега зошто не им ги доставуваат фактурите и документите во врска со оние 400, 000 евра потрошени за саемот во Белград, премиерот прече дека сето тоа ќе можеле да го видат новинарите кога фактурите ќе биле ставени на open finance. На оваа база нема ниту фактури ниту било какви документи во врска со трошоците на владата, ниту, пак, преку прегледот може да се идентификува кој трошок за која активност бил. Вртејќи одоколу, ама така дрскичко, фалејќи се колку е транспарентна владата, рече дека тој лично ќе провелер во Трезорот до каде била оваа работа. Премиере, не во Трезорот, туку во Генералниот секретаријат на владата кој го спровел овој тендер и каде што се наоѓаат документите кои ги бараат колегите како фактури, договори итн. Но, тој тоа добро го знае. Се на се, Irena Cackova беше одлична со одлични прашања кои не добија конкретни одговори, но добро му ги пресретна сите игри, го допре во нерв и културно го смести во дефанзива, па и го изнервира. (заслужено). Севкупно, новинарите си имаа супер прашања, а премиерот немаше никакви конкретни одговори и делуваше на тип што не љуби претерана критика и што прерано го занела и завела функцијата. Ја спореди македонската економија со америкаснката и со сите европски држави и сто пати кажа како ние сме исти како сите. На крај се пофали со енергетска трансформација. Ај добро. Мојот впечаток е дека немаше ништо ургентно во пресот на премиерот затоа што не даде одговори како точно ќе ги набават или создадат енергенсите кои им требаат за да ги остварат сите овие ветувања за кои свикаа дури и ургентен прес среде ноќ, ама сфативме дека Чифлиганец ќе ни ги рента топланите загубени неодамна поради криминал и корупција и толеранцијата на криминалот и корупцијата. И така. Накусо, мојот осврт на овој итен прес е дека новинарите беа супер, премиерот не толку искрен и малце како налутен 🙂


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.