Македонија

ПРЕМИЕРОТ НАЈАВИ ТУЖБА АКО НЕ ДОБИЕ ИЗВИНУВАЊЕ Таравари вели дека Заев нудел пари на пратеници

Премиерот Зоран Заев најостро ги демантира, како што се наведува, изнесените лаги и дезинформации од Арбен Таравари од Алијансата за Албанците дека наводно тој или било кој друг по негови инструкции нудел пари на пратеници.

„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“, се наведува во владиното соопштение.

Во вечерашното интервју на телевизија Сител, Арбен Таравари рече дека јавна тајна е дека власта се шета наоколу со куферчиња пари кои им ги нуди на пратениците. Тој додаде дека е јавна тајна дека на пратеничка од Алијанса за Албанците, лично Заев и нудел пари за да премине од нивна страна, но таа веднаш ги одбила  не сакајќи ниту да зборува со него за тоа.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.