ЗабаваСексТОП

ПРАЗНИЧНО НЕКОЛКУ ЦИЦЛЕСТИ РАДОДАЈКИ

Марина Тошиќ во провокативна клечечка поза брачниот кревет го дели со… русокоса?! (ФОТО)

Македонската фолк естрадата изоболува со млади, убави и згодни пејачки. Ем талентирани од Бога, ем надарени од мајка природа и понекоја ситна корекција на естетската хирургија.  Славеј грло, бело лице, рамна снага, долги нозе и… бујни атрибути се загарантиран рецепт за естрадна слава. Се разбира ште ако има некој „да те поттурне“, ете го патот кон успехот, скалилата кон врвот и запоседнувањето на тронот!  „Еднаш фолк кралица – засекогаш фолк кралица“  – велат, а „фолк принцезите“ само нека сонуваат чекајќи во холот, како се доаѓа до фолк престолот!

Како што рековме фолк пејачки има многу, ама малку од нив се елита. Овие три сигурно спаѓаат во неа… или некоја од нив е блиску до истата! Струмичанката Сузана Гавазова, кумановката Сања Сани Гроздановска и прилепчанката Сања Ристеска не ги спојува само фолк музиката, туку и атрактивниот изглед, неодоливиот сексапил, фаталната привлечност, телесната убавината, раскошните и бујни атрибути…

Токму трите фолк убавици се најдоа на исто место – снимањето на едно издание на позната македонска фолк емисија, ТВ шоуто  „ИмаТ – немаТ“ во Охрид. Кога ќе се најдат три врвни пејачки на исто место за очекување е да е весело. И беше… Вистински празник за уши, а Бога ми и „споени празници“ за очи!

Сузето, Сани и Сања – три „надарени“ фолкерки, која од која позгодна, поубава и… поцицлеста: „Господ кога давал, тука застанал“ (ФОТО)

Зашто Сузето, Сања и Сани и поединечно „затвораат“ кафеани, а тек кога ќе се најдат сите три на едно место, што не е така често, настанува вистинска „лудница“! Весело и распеано, разиграно и насмеано, обилно и богато… во секој поглед!

Зашто кога се трите фолкерки во прашање, собрани на едно место, погледот најмногу и најчесто застанува исто така, токму „на едно место“.  Сузето, Сани и Сања – три „надарени“ фолкерки, која од која позгодна, поубава и… поцицлеста! Така дотерани и овој пат, во оваа пригода… Во деколтирани или отворени кошули или костими во кои видливо доминираат нивните бујни облини! А и кај трите, „немат да немат… Имат и тоа вишок!

Впрочем, Сани на споделените фотографии на социјалните мрежи и самата напишала: „Господ кога давал, тука застанал“!

Не случајно, зашто и самата знае дека меѓудругото, кариерата се гради со грло, ама и со… гради!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин

/suzanagavazova/sanjaristeskaofficial/sani.grozdanovskasanja

Марина Тошиќ, фолк пејачката која од Македонија се пресели да прави кариера во Бугарија не престанува да шокира со своето скандалозно однесување. Русокосата одново ја збуни јавноста со најновите фотографии кои постојано ги споделува, овој пат од уште една егзотична дестинација.

 

Последен пат Марина прати фото поздрави од Сејшели, каде сексапилната убавица уживаше на море среде зима, а нејзините следбеници на социјалните мрежи уживаа во нејзините бујни атрибути, делумно дар на мајката природа, делумно „уметничко дело“,  или поточно „ракотворба“ на естетските хирурзи.

 

И додека уште асално не се ни изнагледавме какво тело Марина има и во лето среде зима, стигна нова фотографија од нова дестинација… Софија – Бугарија. А пред Нова Година уште една, како гола Дадамразица, во црвена еротска долна облека крај елката… во Белград – Србија!

И кога гледајќи ја онака провокативна, порчна, пожелна, секси… сите се прашуваа и пред се’ му завидуваа на тој што расната убавица ја придружува на патувањата и ја фотографира правејќи ги нејзините еротски фотосесии, стигна одговорот кој помалку шокира!?

Можеби и не е така ново и непознато, зашто сомнежите и одпорано беа присутни. Покрај русокосата пејачка на речиси сите нејзини патувања е уште една русокоса, која постојано со неа „се шлепува“, а Марина од неа не се „одлепува“.

Впрочем, Тошиќ веќе во неколку наврати покажа дека не само што ги поседува, туку и самата „се пали“ на бујни атрибути…

Од полна рака туѓа задница преку ден, преку исплазен јазик и симулација на лижење покрај базен…

…па се’ до  проверка на силиконите на својата придружничка среде полна дискотека.

И од сето ова се наметнуваат две прашања:

Дали Марина Тошиќ навистина има „променливи“  (би)сексуални афинитети и дали на сите фотографии русокосата дама што ја придружува е истата личност или само има сличност со оваа од последнава фотографија од Доха, каде Марина сликана без гаќички во провокативна клечечка поза, покажува дека го дели брачниот кревет со русокоса?

Фото: Инстаграм принтскрин/marinatosicofficial

Фолк пејачката Адријана Ацевска  попозната како Адријана Кеш не е од оние јавни личности кои постојано бомбардираат со објави на социјалните мрежи, но кога го прави тоа е толку впечатливо, што го надополнува времето кога ја нема.

Атрактивна, стројна, бујна,  надарена со раскошни телесни квалитети и атрибути, Адријана кога ќе сподели фотографија, дава се’ од себе за да го истакне најдоброто на себе.

Она што мајката природа го дала, естетската хирургија го надградила, а козметиката го „исполирала“, па со текот на годините Адријана Кеш станува се’ посексапилна и попривлечна, поатрактивна и попровокативна, речиси неодолива… Особено за „гладните“ машките погледи!

А кога сме веќе кај погледите, не само атрибутите на фолкерката се нејзиниот најсилен адут. Напротив, убавото лице на кое доминираат крупните сино-зеленкасти очи и влажниот поглед на срна ја прават фолкерката магнет за машките очи уште на прв поглед!

„Моите очи се омилениот дел од мене, но не како изгледаат, туку како гледаат“.

Како гледаат нејзините, само фолкерката знае, ама како ја гледаат сите останати, особено оние на вистинските мажи, можете само да претпоставите! А како и поинаку би гледале, кога и покрај вакви очи какви што има Адријана Кеш, впечатокот од бујните атрибути е толку силен, впечатлив и свеж, што тешко дека некој може да ја гледа в очи и да одолее  погледот да не му падне… малку подолу!

Зашто погледот е можеби тој што привлекува, мами, милува и гали, ама телесниот раскош е она што најмногу предизвикува и пали! А кај Адријана – машала, отсекогаш го имало доволно, па дури и вишок, она што на прва „крева“… притисок!

Затоа кога погледите макар и случано ќе ви се сретнат, има нешто што ве „кочи“ Адријана Кеш долго да ја гледате само в очи! Без оглед нејзините колку убаво и да изгледаат или како тие тебе те гледаат!

Впрочем неретко се случува додека „очите зборуваат“, хормоните и адреналинот, заеднички „да збудалуваат“! А естрогенот и тестостеронот… да го „пробијат“ плафонот!

Фото: Инстаграм принтскрин/adrijana.acevska

Како што веќе објавивме, атрактивната и провокативна гевгеличанка, моделот и поранешна ријалити учесничка, Александра Накова, неодамна стана газдарица на бутик во родната Гевгелија. Од она што се знае, се работи за бутик женска гардероба, провокативна, но и едноставна и комерцијална, модерни модни парчиња  за сечиј вкус.

Сексапилната газдарица е доволнио искусна за да знае дека робата колку и да добра, квалитетна, модерна и со пристапни цени, сама не се продава. Затоа Накова се сети, како на крајот на денот или месецот, да и испадене есапот, па наместо „весела математика“  реши да употреби оригинална тактика! Цицлестата убавица и пред да стане газдарица умееше со својот секси изглед и тоа како да провоцира, па она што најдобро го знае, реши да го примени и од него да профитира!

Уште на отворањето Накова погледите на гостите ги „закова“ за себе и својот предизвикувачки изглед што ја буди бујната фантазија на бројната армија обожаватели и следбеници, отсега и нејзини потенцијални муштерии.

А кога забележа дека провокацијата поминува, и самата реши своите главни адути да ги искористи за да привлече внимание и  крене галама, па Накова одново се појави со „голи“ гради за реклама! Штик проба за промоција на својата гардероба, односно парчиња кроени по последен моден крик, кои ги продава во својот нов бутик.

А, каде најбргу, бесплатно, а можеби и најефектно, ако не на социјалните мрежи или поточно на сопствените профили.

А таму Накова во свој елемент, позира со сиот свој телесен раскош, особено она што најмногу ја краси  гевгелиската газдарица – доминантната силиконска предница.

Очигледно цицлестата убавица е самата по себе подвижна реклама, привлечна како магнет за модниот свет. Еротски видео и фото билборд како рекламен трик за моделите што се продаваат во нејзиниот  бутик.

Атрактивна, сексапилна, средена, дотерана, колку и да изгледа провокативно и предизвикувачки разголена, онака скоцкана тип – топ, имајте на ум дека Накова е сепак газдарица на бутик, а не на секс шоп!

Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandra__official



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.