КолумниТОП

ПРАШАЈТЕ ГО БРАНКО – ЃАВОЛСКИ ДИЛ

Едно мало појаснение за сите „верни“ и „неверни“ Социјалдемократи.

Во 2002 година, при превземањето на власта од тогашното ДПМНЕ под лидерство на Љубчо Георгиевски и тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски остварија една кафе-средба во реномираниот хотел Александар палас во Скопје. Претходно беше остварена заедничка средба од по неколкумина врвни членови од двете партии а „пазарлукот“ беше да не се врши законски прогон на пљачката која ја направи ДПМНЕ врз државниот капитал на Македонија. А не одам во детали ама морам да ги спомнам ОКТА, Македонски Телеком, Цементарница Усије, Мермерен комбинат Прилеп и многу други тогашни претпријатија од кои дебело се офајдија поединци од ДПМНЕ и кои до ден денес ги нема стигнато Правдата.

Бранко Црвенковски подаде рака на помирување во интерес на македонските национални интереси и Република Македонија со цел трасирање на патот кон ЕУ и НАТО со заедничка и обострана заложба од двете страни. ЃАВОЛСКИОТ ДИЛ беше склучен и покрај големите негодувања од страна на членството на СДСМ. Се беше „испеглано“ и утаначено до ситни детали а потоа следеше чинот на пиење кафе за мирно превземање на власта пред камерите на телевизиите и објективите на фоторепортерите.

Се заврши мирно и на еден многу достоинствен начин. И ако имаше негодувања, работата ни тргна во трасирање на патот кон ЕУ и НАТО до 2005 година кога на Самитот на Европската унија во Брисел тогашниот Премиер на Велика Британија Тони Блер на ден 17.12.2005 во раните утрински часови шкрто соопшти дека Република Македонија е прифатена како Член да биде дел од Европската унија.

Моите слаби сеќавања ме водат до 03 мај 2006 кога во Солун седнаа да пијат кафе нашата Министерка за

надворешни Работи Илинка Митрева и тогашната грчка Министерка за надворешни работи Дора Бакојани.

И се си помислив дека конечно ни тргна работата. Наскоро дојдоа и изборите во 2006 година на кои победи ДПМНЕ под лидерство на Никола Груевски и нормално се очекуваше нов квалитет и поголема агиност во што поскоро членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Така барем беше гласно и страствено најавувано во нивната тогашна Програма со која ја однесоа изборната победа. Очекувано беше само продолжение на постигнатиот ЃАВОЛСКИ ДИЛ!

ШТО НИ СЕ СЛУЧИ ???

ЃАВОЛСКИОТ  ДИЛ склучен во хотелот Александар Палас престана да важи. ДПМНЕ го ПРЕКРШИ и ПОГАЗАИ. Започна фазата на Антиквизација и сите до тогаш изградени македонски позиции пред меѓународната заедница ГИ УРНИСА. За останатото од овој период на ДПМНЕ да не зборувам, знаете и сами што ни се случуваше во и со државата.

И сега читам и слушам од медиумите дека повторно е во оптег некој нов ЃАВОЛСКИ ДИЛ – 2 за некакво си повторно национално помирување? Пак ли ќе го копкаме Ѓаволот? Прашајте го Бранко Црвенковски!

 

Горан Анѓелкоски – Замбо



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.