ЗабаваСекс

Познатите Македонки во тазе пози со кренати нозе: даваш 500 че у еу и ковеш, плескаш

Познатите Македонки во тазе пози со кренати нозе: Не, не е тоа што мислите, иако можеби ќе погодите чии се истите! (ФОТО)

Кога вистински маж, а какви времиња се и по некоја поинаку определена дама ќе види убави долги женски нозе, па уште истите разголени , веднаш му доаѓаат различни мисли. Зависи кој  како (се) „пали“!

Дамите не ретко знаат да ги кренат нозете од разно-разни причини  без да бидат свесни дека „љубопитните“ очи наоколу ги гледаат. Но, понекогаш високо кренатите женски нозе имаат поинаква намена. Токму затоа понежниот пол и намерно знае да направи селфи од истите, па фоторафиите да си ги сподели на социјалните мрежи.

Нашите познати дами не се исклучок… Напротив, свесно или несвесно,  она што понекогаш го прават а сакаат да се дознае или се желни да го покажат и  го споделуваат на свите социјални профили.

За оваа прилика одбравме неколку познати Македонки и нивните тазе пози со кренати нозе… Секоја од различни причини и потреби! Сепак, неееее… не е тоа што мислите, иако можеби ќе погодите чии се истите! Нозете  поткренати, ама сепак се’ е на “ниво“!

Најзгодната „цвеќарка“ има манекенски нозе, оти меѓудругото и по нив стана позната. Долгонога расна убавица, со сопствена продавница за цвеќе и подароци… Всушност сега веќе, ланец од дуќани. Цвеќето и е страст и егзистенција, па разбирливо го има и дома, на својата тераса.  А гелендерот згодно место да се кренат високо долгите убави нозе за да се одморат и малку исончаат.

Тоа што Емилија Розман потоа ќе има нозе со мрежест тен… Е такво нешто баш и не се гледа секој ден!

Таа е најдолговечната и најдобра македонска водителка, а последниве години и најпосакуваната инфлунсерка. На својот Инстаграм рекламира се што може: Од модни креацијии до егзотични туристички дестинации… Зашто Лила Филиповска е како подвижен билборд.

Токму затоа и остана нејасно дали кренатите нозе на водителката на  белата кожена фотелја се само за да ги одмори или да се пофали и изрекламира, новите  проѕирни чевлички со високи потпетици. Како пепелашка „од нашите ТВ екрани“…!

 

Иако мала, некогаш голема македонска музичка ѕвезда, денес е најшетаната велешанка, чија работа и овозможува пустоловини и патешествија преку седум мориња и океани, на најневеројатни дестинации и локации на оваа планета. Она по што последниве години е препознатлива не е песната, туку  тетоважата на левата нога.

Работата на големите прекуокеански крузери на Нона Неделковска и овозможува да го спои убавото и корисното, па сончањето на големата бродска палуба со високо кренати нозе и е како добро утро.

Затоа пак залезот на сонцето по кое не препознаваат, кога е далеку од дома и ја буди носталгијата по татковината, по нејзиниот роден Велес и Македонија.

Таа е македонска поп пејачка која патем, одлично пее и уште поубаво изгледа, иако по ова што го покажала, се чини дека смета оти има премногу слаби нозе, па решила да ги „поднабилда“. А како поинаку, ако не со високо кренати нозе во вис на соодветна справа во теретана и тоа рано посабајле. Ем практично, ем може да биде повеќенаменски корисно.

Иако резултатите можеби не се веднаш видливи,  на Теа Трајковска не и  се чека за да ги  покаже придобивките од вежбите. Можеби затоа и потоа и фотографиите со модерните толку искинати фармерки намерно се постираат, на кои разголените нозе на Теа доминираат.

 

Дека има убави нозе и не само нозе туку „тути атрибути“ стана познато уште откако се појави во јавноста како мисица, модел, манекенка и тогаш жена на пејачот со Х – фактор . Сега уште попозната, позгодна, поатрактивна и пеколно жешка и сексапилна, особено по стилот на облекувањето и однесувањето.

Неодоливо заводлива и на фотографиите и во спотовите и на настапите. Затоа и не изненадува кога нејзините долги убави нозе ќе ги видите високо кренати или поткачени, само овој пат на нечии други… машки нозе.

Дали тоа Кристина Димитриевска само се релаксира и одмора во придружба на својот нов професионален, а како што се’ почесто се шушка и приватен партнер ДЈ Боно, подготвувајќи се за следниот настап? Или можеби  мигови на релаксација пред или после „жешка акција“  на  новата естрадно – љубовна(?) комбинација?

Што и да е, очигледно обајцата убаво го минале денот крај базенот!

Фото: Инстаграм принтскрин

/rozmanticna/lilafilipovska/nona.nedelkovska/theatrajkovska/kristina.dimitry



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.