Живот
ПОВЕЌЕ ОД 300 ПОЗИТИВНИ КОМЕНТАРИ САМО ЗА ПОЛОВИНА ЧАС: Венко Филипче во операциона сала-успешно завршена операција кај млада пациентка
Неврохирургот, Венко Филипче, кој вечерва до полноќ и официјално ќе ја напушти функцијата министер за здравство, сега уште поинтензивно се враќа на своите пациенти. Утринава објави дека тој и неговиот тим направиле успешна операција кај млада пациентика која поради здравствени проблеми во лумбалниот р’бет имала проблеми со одењето.
-Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет, што и предизвикувал проблем со одењето. На моите колеги кои ми асистираа во сала им благодарам. На пациентката и посакувам што побрзо опоравување, напиша Филипче.
