Црна Хроника

Поведена постапка за тренер кој извршил полови дејствија врз деца​

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице на возраст од 46 години, за кој постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.​



Македонија

Заболени
101,214
Мртви
3,111
Излечени
90,685
Активни
7,418
Last updated: 26/02/2021 - 11:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.