ЖивотТОП

Потресно сведоштво: Чадиковски отпуштил бремена новинарка од работа – сега сака да го води ЗНМ

Потресно сведоштво: Чадиковски отпуштил бремена новинарка од работа – сега сака да го води ЗНМ

Драги поранешни колеги новинари и уредници,

го пишувам ова затоа што видов дека мојот последен главен и одговорен уредник во 24 вести Младен Чадиковски се кандидирал за претседател на ЗНМ. Сакам да ви го раскажам моето искуство со него. Во телевизија 24 вести работев полни 6 години. Бев отпуштена без никаква најава и со прекршување на неколку законски права. Прво, бев бремена, за што по сознанието дека сум отпуштена писмено испратив известување за состојбата во дирекцијата на телевизијата во Штип. Второ, договорот ми беше предвреме прекинат односно ми истекуваше на 31 јуни, а прекинат ми беше некаде во средината на април. Трето, работниот однос од „на определено време“ кој требаше да ми се трансформира во „неопределено“ по петтата година работен стаж не беше направено.
Утрото кога од Штип ми се јавија да ми кажат дека „од денес“ го користам годишниот одмор и дека тие не распоредувале за одмори затоа што ние не сме ги земале, ми падна чудно. Реков дека ќе зборувам со главниот и одговорен уредник Младен Чадиковски и дека веќе имам закажан настан во Бутел за дивоизграден објект. Ми одговорија добро, но не ми кажаа зошто од „ денес сум на одмор“, најверојатно тоа требаше да ми го соопшти Чадиковски. И така, дојдов јас на работа, отидов на снимање, го напишав текстот и го измонтирав, со Чадиковски се видов неколку пати но не ме повика за што помислив дека тоа со одморот утрото беше некоја глупост. Со ташната на рамо тргнав да си одам. Надвор на цигара беше Младен. Го прашав што беше тоа сабајле за принудно користење одмор по што ми рече, дојди кај мене во канцеларија. Со него беше и Анета Додевска, заменикот главен и одговорен. Со наведната глава ми кажа за одлуката. Да, на крај на работниот ден откога изработев и откога тргнав за дома и да не го прашав немаше да знам, ќе си дојдев и утрото и ќе си сработев пак.
И тоа е дечки. Знаеја и за бременоста и за другите прекршувања на правата. На двајцата уште во канцеларија им кажав дека неможе да ме отпуштат бидејќи договорот ми трае до крајот на јуни. Знаеја, ама толку им беше важно за правата на новинарите.
Тој ден не бев отпуштена само јас. Моја колешка исто така беше отпуштена со предвреме прекинат договор. Уште едно законско прекршување. Но и нејзе и помогнаа колку и мене.
Тужев но правен систем кај нас е нели, илузија. Трудовата инспекција во Штип, онаму каде Роби Телекабел е газда на градот, констатирала дека отказот следувал поради прекин на ангажманот во емисијата „Отворено“ на Младен Чадиковски. Мојот глас ниту некогаш се појавил во таа емисија, ниту сум имала било каков ангажман. Тоа го знае Младен а и сите останати, и режија го знае. Освен ако не ми зеле некој прилог од вести и го пуштиле во емисија. Ама го знае и правната служба, затоа што за тоа треба да постои анекс договор, нели. Таков договор нема, ама пак, трудовата инспекцијата одлуката за отказ ја оценила исправно. Но во дописот кој го добив трудовата инспекција не постапила по основ дискриминација ( дека отпуштаат бремена жена) и покрај доказите кои им беа доставени пред да го добијам отказното решение и не постапила по прекршувањето на предвреме прекинатиот договор.
Знаејќи го ова г-не уредниче се чудам со кој образ ветувате дека вие како прв на ЗНМ ќе бидете силен критичар во услови кога се повредени правата на новинарите? како што сте пишале во едно начело од конкретните активности во Програмата за работа на ЗНМ како кандидат за претседател на здружението.
Колеги секој „посилен“ може да го прекрши законот и да ви наштети но кој е тој кој ќе ја води битката со вас и ќе докажува дека вашите права се прекршени.
Сабота убав ден, освен на оние дежурните  . Размислете за одлуката која ќе ја донесете бидејќи од неа влијае помошта и поддршката во иднина, ако недај боже ви треба.

Вие кои се кандидирате на оваа позиција размислете колку сте се бореле за правата за кои ветувате дека ќе се заложите. Ова и сега е се што имав да кажам.
Добра ноќ, одам да спијам утре сум на работа.

П.С. Сакав ова да го пишам порано ама децата да ми се здрави и живи. Ќерката со температура, а синот кој наполни една година постојано се буди и ја бара мама зошто му растат забчињата.

Главниот и одговорен уредник на телевизијата 24 вести, а сега кандидат за претседател на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, без никаков правен основ ја отупуштил од работа новинарката Кики Новевска.

Новевска, на својот Фејсбук профил, го објасни искуството кое го имала со Чадиковски, односно дека тој противзаконски ја отпуштил и тоа по завршувањето на работниот ден. Новесвска, која била бремена, објасува дека без причина добила отказ од работа, односно дека договорот за работа и бил предвреме прекинат и дека работниот однос иако требало по 5 години работно искуство да и го трансформираат во “неопределено време”, тоа не се случило.

– Драги поранешни колеги новинари и уредници,

 

го пишувам ова затоа што видов дека мојот последен главен и одговорен уредник во 24 вести Младен Чадиковски се кандидирал за претседател на ЗНМ. Сакам да ви го раскажам моето искуство со него. Во телевизија 24 вести работев полни 6 години. Бев отпуштена без никаква најава и со прекршување на неколку законски права. Прво, бев бремена, за што по сознанието дека сум отпуштена писмено испратив известување за состојбата во дирекцијата на телевизијата во Штип. Второ, договорот ми беше предвреме прекинат односно ми истекуваше на 31 јуни, а прекинат ми беше некаде во средината на април. Трето, работниот однос од „на определено време“ кој требаше да ми се трансформира во „неопределено“ по петтата година работен стаж не беше направено.

 

Утрото кога од Штип ми се јавија да ми кажат дека „од денес“ го користам годишниот одмор и дека тие не распоредувале за одмори затоа што ние не сме ги земале, ми падна чудно. Реков дека ќе зборувам со главниот и одговорен уредник Младен Чадиковски и дека веќе имам закажан настан во Бутел за дивоизграден објект. Ми одговорија добро, но не ми кажаа зошто од „ денес сум на одмор“, најверојатно тоа требаше да ми го соопшти Чадиковски. И така, дојдов јас на работа, отидов на снимање, го напишав текстот и го измонтирав, со Чадиковски се видов неколку пати но не ме повика за што помислив дека тоа со одморот утрото беше некоја глупост. Со ташната на рамо тргнав да си одам. Надвор на цигара беше Младен. Го прашав што беше тоа сабајле за принудно користење одмор по што ми рече, дојди кај мене во канцеларија. Со него беше и Анета Додевска, заменикот главен и одговорен. Со наведната глава ми кажа за одлуката. Да, на крај на работниот ден откога изработев и откога тргнав за дома и да не го прашав немаше да знам, ќе си дојдев и утрото и ќе си сработев пак.

 

И тоа е дечки. Знаеја и за бременоста и за другите прекршувања на правата. На двајцата уште во канцеларија им кажав дека неможе да ме отпуштат бидејќи договорот ми трае до крајот на јуни. Знаеја, ама толку им беше важно за правата на новинарите. – пишува Новевска.

Поранешната новинарка кажува дека освен таа, од телевизијата безе отпуштена со предвреме прекинат договор и уште една нејзина колешка.

И покрај тоа што се обратила со тужба до судот, за ситуацијата, трудовата инспекција констатирала дека одлуката за отказ е изправна.

– Тужев но правен систем кај нас е нели, илузија. Трудовата инспекција во Штип, онаму каде Роби Телекабел е газда на градот, констатирала дека отказот следувал поради прекин на ангажманот во емисијата „Отворено“ на Младен Чадиковски. Мојот глас ниту некогаш се појавил во таа емисија, ниту сум имала било каков ангажман. Тоа го знае Младен а и сите останати, и режија го знае. Освен ако не ми зеле некој прилог од вести и го пуштиле во емисија. Ама го знае и правната служба, затоа што за тоа треба да постои анекс договор, нели. Таков договор нема, ама пак, трудовата инспекцијата одлуката за отказ ја оценила исправно. Но во дописот кој го добив трудовата инспекција не постапила по основ дискриминација ( дека отпуштаат бремена жена) и покрај доказите кои им беа доставени пред да го добијам отказното решение и не постапила по прекршувањето на предвреме прекинатиот договор.

 

Знаејќи го ова г-не уредниче се чудам со кој образ ветувате дека вие како прв на ЗНМ ќе бидете силен критичар во услови кога се повредени правата на новинарите? како што сте пишале во едно начело од конкретните активности во Програмата за работа на ЗНМ како кандидат за претседател на здружението.

 

Колеги секој „посилен“ може да го прекрши законот и да ви наштети но кој е тој кој ќе ја води битката со вас и ќе докажува дека вашите права се прекршени.
Сабота убав ден, освен на оние дежурните 🙂 . Размислете за одлуката која ќе ја донесете бидејќи од неа влијае помошта и поддршката во иднина, ако недај боже ви треба.

 

Вие кои се кандидирате на оваа позиција размислете колку сте се бореле за правата за кои ветувате дека ќе се заложите. Ова и сега е се што имав да кажам. 

 

Добра ноќ, одам да спијам утре сум на работа.

 

П.С. Сакав ова да го пишам порано ама децата да ми се здрави и живи. Ќерката со температура, а синот кој наполни една година постојано се буди и ја бара мама зошто му растат забчињата. – пишува Новевска.

Оттука се поставува прашањето како Чадиковски ќе ги штити правата на новинарите, кога и сам ги прекршува истите. Инаку Лидер минатата недела објави дека власта го токми Чадиковски за функцијата претседател на ЗНМ.  Оваа наша објава не беше демантирана од Владата, Чадиковски и ЗНМ.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.