Македонија
„ПОТКУП“ СЕ ОДЛОЖИ, ОБВИНИТЕЛОТ НЕ МУ ГИ ДАЛ ДОКАЗИТЕ НА ЗАЕВ
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска се појави во Кривичниот суд каде што му се суди за случајот „Поткуп“, но главната расправа се одложи затоа што одбраната се пожали дека обвинителството не им ги доставило доказите врз основа на кои треба да подготват одбрана.
Адвокатот Филип Медарски истакна дека нивно законско право е да ги имаат доказите во рака бидејќи според законот за кривична постапка нив треба да ги добијата уште кога им бил доставен обвинителниот акт. Тие направиле увид на доказите меѓутоа не добиле копија.
Судијката Дијана Илиевски го уважи нивното барање и ја одложи главната расправа за 4 мај до кога треба одбраната да ги добие бараните докази.
Заев инсистира покрај останатите докази распослани на стотина страници да ја добие и наредбата на спроведување на посебните истражни мерки, според кои тој бил прислушуван и снимен бидејќи се сомнева во нивната законитост. Тој има сомнеж дека дел од прислушуваните разговори обвинителството ги користи во моментот за да покрене против него нови исраги.


Македонија
Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 23:26 (+01:00)