Црна Хроника

Последната смртна казна во Македонија: Најтешко злосторство- злосторникот стрелан

Во Македонија, последната смртна казна е извршена во 1987 година по пресуда на тогашниот скопски Окружен суд токму за грозоморен случај на педофилија.

Имено, таткото монструм Маље Зекири од село Зајас ја силувал, задавил и запалил сопствената ќерка. Педофилот бил стрелан неколку дена подоцна.

 

48-годишниот Зекири, повратник од Белгија, родум од Зајас, жител на селото Долна Вида (БиХ), бил осуден на најтешката казна – осуден на смрт со стрелање.

Зекири извршил полов напад врз својата 15 годишна ќерка Беглија, а потоа со најлонско јаже, коешто го носел во џебот, ја задушил правејќи јамка околу вратот. Со цел да го прикрие злосторството, ја собрал нејзината облека и ја ставил врз веќе мртвата ќерка и ја запалил со надеж дека телото ќе изгори.

 

 

Лешот го пронашол овчар по неколку дена по што веднаш пријавил во полиција. Зекири го признал делото, а вештаците од Судска медицина потврдиле дека таткото-монструм во моментот на извршувањето на делото бил во свесна состојба. Обдукцијата на лешот покажала дека пред да ја убие, Зекири ја силувал својата малолетна ќерка Беглија.

Претходно, на 17 декември 1970 година, Маље Зекири бил осуден на 15-годишна казна затвор поради убиство и два обиди за убиство. Одлежал 12,5 години по што бил пуштен на слобода. После 4 години го извршил монструозниот чин за кој е осуден и стрелан.

Изрекување на смртна казна за ваков случај не била прв пат во бивша Југославија. Но оваа била единствената која била извршена – пишува Вечер.

По осамостојувањето на Република Македонија направени се измени во Кривичниот закон и смртната казна е укината.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:00 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.