Колумни

Последната лага на Заев: На Ковачевски му остава „стабилно, окрупнето, демократско парламентарно мнозинство од едвај 62 пратеника“

Стабилно окрупнето парламентарно мнозинство е последната лага на Зоран Заев како премиер. Сега веќе поранешниот премиер не си го исполни аманетот да му обезбеди на својот наследник Ковачевски влада со стабилно мнозинство.

Слушајте ми го зборот, парламентарното мнозинство на СДСМ ќе порасне по локалните избори, ветуваше Зоран Заев уште кога не веруваше дека наскоро ќе ја отстапи премиерската фотелја.

Иако владејачките партии СДСМ и ДУИ го претставуваа како клучен играч кој ќе ѝ обезбеди на новата влада „стабилно мнозинство од 65, па и повеќе пратеници“, Заев уште еднаш, и заминат, потфрли. Синоќешното гласање на новата влада само ги потврди изјавите на опозициските пратеници дека власта нема стабилно мнозинство. Како и досега, така и отсега со државата ќе раководи климава влада, која во Собранието ќе има едвај мнозинство од 62 пратеници.

Од „киднапирањето“ на Кастриот Реџепи кога опозицијата обезбеди мнозинство за пад на Владата на Заев, па до вчера СДСМ и ДУИ тврдеа дека имаат стабилно мозинство кое расте. Бујар Османи го нарече Заев „важна фигура за одржување на стабилноста во мнозинството“.

Нема дилема дека ова мнозинство има над 61 пратеник, има неколку опции за тоа, но да не откривам детали, бидејќи преговорите се во тек, порача Османи.

И старо-новиот вицепремиер Фатмир Битиќи беше сигурен во изјавите дека новата влада ќе има стабилно мнозинство.

Се окрупнува мнозинството и новата влада ќе биде поголема и постабилна од таа што беше. Не можам да прејудицирам со бројки. Не е битно дали се 64, 65 или 67. Тврдам дека ќе имаме стабилно мнозинство, што понатаму ќе владее до крајот на мандатот, рече Битиќи.

А од стабилноста – 62 пратеника беа, толку и останаа. Ниту преминувањето на Алтернатива, ниту одложувањето на оставката на Заев, уцените и заканите на пратениците не успеаја да обезбедат вистинско нозинство.

Парламентот е трансформиран во институција во која се тргува “топтан“, каде не се земаат предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата што им се дава од граѓаните, е осцената на Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците, за формирањето на парламентарното мнозинство направено на шверцерски начин.

Владата на Ковачевски ја поддржаа и малите изиграни партии од коалицијата. Иако имаа многу забелешки за начинот на кој се третираат во власта ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов му дадоа зелен картон на составот на наследникот на Заев.

Интересно е дека за новиот владин состав гласаа и пратеничките Бисера Костадиновска-Стојчевска и Славјанка Петровска, кои се министерки во новата влада. Нивниот мандат престана по потпишувањето на изјавите.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.