БалканЦрна Хроника

Поранешен фудбалер на Црвена ѕвезда си ја убил поранешната сопруга – детали за крвавото утро

Бојан Рашовиќ е уапсен под сомнение дека ја убил поранешната сопруга Бранка Петровиќ, а како што тврди црногорскиот „Дан“, Бојан е поранешен фудбалер на Црвена ѕвезда.

Во Херцег Нови утрово околу 6 часот во Ул. „Бригада Бокеске“, Б.Р. (47) од огнено оружје ја убил поранешната сопруга Б.П. (47), дознава порталот „Ден“ од ОКЦ.

-Осомничениот е лишен од слобода, потврдија од ОКЦ за Црногорскиот „Ден“.

Според црногорските медиуми, осомничениот по делото и се предал на полицијата, а истрагата е во тек.

Според информациите на порталот „Ден“, убиена е Бранка Петровиќ, претседателката на месната заедница Херцег Нови. Наводно во неа пукал нејзиниот поранешен сопруг Бојан Рашовиќ, кој и се предал на полицијата.

Како што неофицијално дознава „Ден“, тие двајца не биле официјално во брак и немаат заеднички деца.

Инаку, Бојан Рашовиќ порано беше успешен фудбалер. Извесен период играше за Црвена ѕвезда.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.