Црна Хроника

Полициски службеници фатени како земаат мито: Плати казна од 500 евра или дај ни 50 евра да се почестиме!

Тројца полициски службеници ќе добијат соодветна казна откако побарале мито од скопјанец, кој веднаш случајот го пријавил во МВР.

„На 02.08.2022 во 18.12 часот во Полициската станица Чаир, Б.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 14.45 часот на ул.„Македонскo-косовска бригада“ со неговото возило „опел зафира“, во кое бил со З.М., бил сопрен од тројца полициски службеници.

Според пријавеното, тие му побарале документи и откако им рекол дека не ги носи го информирале дека треба да плати казна од 500 евра и дека возилото ќе му биде одземено, а ако не сака да плати казна да им даде 50 евра да се почестат. Како што е пријавено, тој им дал 2000 денари, по што ги пуштиле да си заминат.

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, кои биле на должност, но не биле на местата на кои биле распоредени. За случајот е запознаен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.