Црна Хроника

Полицијата растури тајни коцкарници, уапси скопски комарџии

Полицијата уапсила повеќе скопски коцкари кои се собирале на тајни партии во две незаконски коцкарници во населбите Кисела Вода и Буњаковец, соопшти МВР.

„Денеска (28.04.) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи по добиена оперативна информација дека на две локации во Скопје незаконски се организираат игри на среќа што се забранети, по претходно обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд, извршија претреси во објекти на ул. „Ѓорѓи Димитров“ и ул. „Костурски херои“, се вели во полициското соопштение.

„При претресите затекнати се повеќе лица, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела по чл.398 „комар“ и кривични дела „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ по чл 206 од Кривичниот законик.



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 10:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.