Занимливости

ПOЛИЦИCKИ ЧАС HE BAЖИ НА УЛИЦАТА КАДЕ ШТО ЖИBEE ЗАEB: Група до 50 луѓе чekaaт „дoнaции“ пред домот на Заеви во Струмица

Педесетина лица попладнево, по започнување на полицискиот час се собрале пред домот на лидерот на СДСМ Зоран Заев во Струмица каде, спротивно на сите препораки за заштита од коронавируост, од тоа што го дознаваме, чекале донација од првиот човек на социјалдемократите

Се уште нема одговор за тоа кој им ветил донација на луѓето кои се собрале пред домот на Заеви во Струмица, но она што е сигурно е дека ваквото собирање е апсолутно недозволено по 16.00 часот за време на викенди, а воопшто, ако се почитуваат препораките на Министерството за здравство.

Казниво, освен излегувањето во полициски час е и групирањето во групи поголеми од пет лица.

Зоран Заев вчера информираше дека тој и неговото семејство донирале на сиромашните луѓе, додека невладините организации кои се занимаваат со изборниот процес предупредуваат дека ваквите појави се класичен изборен поткуп.

„Излези и Гласај“ денес предуредија за слична ситуација во Куманово.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.