Балкан

Полицајци влегле да пишуваат казни на „дива“ прослава – добиле боксови (ВИДЕО)

Поради пандемијата со корона вирусот, во цел свет се забранети собирите и прославите на луѓе кои не се од иста фамилија. Сепак, тоа малку се почитува, особено на Балканот.

Неверојато видео ни доаѓа од соседна Србија, каде во српскиот град Крушевац полицијата добила информација за прослава на Православната нова година во семејна куќа во селото, а се слушала и гласна музика.
Еден од гостите успеал и да го документира тој момент, при што направил видео. На видеото се гледа како на веселбата има 12 луѓе, од кои дури 4 се музичари.

Сопственикот на куќата не сакаше да ја прекине забавата, напротив, се обиде да ја избрка полицијата од својата куќа.

Откако тие решија да постапат според закон, настана мешаница и летаа боксови на сите страни.

Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека двајца од присутните се уапсени. Станува збор за Д.Р. и Н.Р., ќе добијат кривични пријави за напад на службено лице.

Погледнете го видеото:



Македонија

Заболени
103,020
+233
Мртви
3,144
+7
Излечени
91,507
Активни
8,369
Last updated: 01/03/2021 - 16:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.