Црна Хроника

Покрај поставена бомба, во дворот на таткото на Милошоски оставен и солзавец

Покрај поставена бомба, во дворот на таткото на Милошоски оставен и солзавец

Таткото на Антонио Милошоски, во саботата попладне косејќи во дворот на куќата во селото Ижиште во Македонски Брод, оштетил метален предмет кој претходно не го забележал. Од ударот предметот почнал да дими формирајќи бел чад, по што тој почувствувал солзење во пределот на очите, носот и болка во градите.

Како што пишува во полицискиот билтен, по овој инцидент М.М. (66) се упатил во една од подрумските простории на куќата каде на влезната врата пронашол експлозивна направа поставена на внатрешната страна од влезната врата.

Од извршениот разговор со М.М. тој појаснил дека последен пат во куќата бил на крајот од минатиот месец и тогаш немало ништо во куќата.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО, увидна екипа од ПС-Македонски Брод и екипа од Одделот за антитерористичка заштита, при што е подигнат предметен материјал и даден за вештачење.

Се работи на целосно расчистување на случајот



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.