ЖивотТОП

ПОЧИНА ВАСИЛ АНГОВ – МУЗАЧАР, ПЕЈАЧ, ТРЕТА КОВИД ЖРТВА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Почина Васил Ангов - музачар, пејач, трета ковид жртва во Гевгелија

Вечерва, пред полноќ (23 октомври 2020) престана да чука срцето на гевгелискиот музичар, пејач, повеќекратен учесник на македонските фестивалски сцени Васил Ангов.
Немилата вест ја пренесоа од неговото семејство, а проструи низ Гевгелија молскавично.
Освен тагата за загубениот пријател, сограѓанин, весел лик, добар другар и извонреден забавувач, гевгеличани ги шокираше и веста дека Васил е третата ковид жртва во Гевгелија.
Почина во болнички услови во Скопје, по поставувањето на респиратор, но коронавирусот беше немилосрден кон неговите присутни коморбидитети во организмот.

Драгиот сограѓанин, милиот глас, инструменталист не можеме да го заборавиме, ниту да го испратиме без звуците од неговата песна.

Сценските настапи на „Макфест“ и „Скопскиот фестивал“ ќе останат запаметени, а локалната публика го препознаваше, па и новите генерации со викенд настапите низ локалните сцени во Гевгелија и околината, заедно со својот син, наследник по музиката.

 

Почивај во мир Василе.

Македонија

Заболени
55,127
Мртви
1,546
Излечени
32,894
Активни
20,687
Last updated: 24/11/2020 - 15:11 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.