Живот

Почина бездомникот за кој Панчо и Андреј од ДНК понудија лекување

Во текот на вчерашниот ден Владимир Блажев – Панчо од ДНК напиша потресен статус, во кој објави дека спроти аптека во центарот на Скопје, беспомошно лежи бездомен човек кој е не контактибилен и со низок пулс. Тој истакна дека тој и Андреј се подготвени да го покријат лекувањето за него, бидејќи сите надлежни институции се оградуваат од него.

Но и покрај тоа, денес Панчо повторно објави дека за жал бездомникот починал и целата финансиска помош која е собрана да се врати или да се даде на семејство или поединци на кои им е најпотребно.

– Туку што добив информација дека господинот Маријан Петковски предмалку починал. 💔
Уште еден голем показател во какво труло и поделено општество живееме и какви поделби на класни разлики сеуште постојат во 2021. Уште пострашно е тоа што човечкиот живот го вреднуваат со НУЛА, и без пари си само обичен смртник.
Срамота за цел здравствен систем 🤢
Лесна му земја на Маријан и фала на сите оние кои се понудивте за финансиска помош. Оние кој веќе ми испративте истите може да ви ги вратам или да ги дадеме на семејство или поединци на кои навистина им е потребна помош, напиша Панчо на својот Фејсбук профил.


Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:19 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.