Македонија

По Заев и Ахмети на средба со Стефансон, од Груевски ниту трага – ниту глас

ahmeti

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и шведскиот амбасадор во Македонија Мат Стафансон на денешната средба во седиштето на партијата во Тетово разговарале околу постизборните случувања во Македонија, како и за приоритетите на ДУИ и на државата.

Ахмети, како што стои во соопштението, ги образложил програмските ставови на ДУИ, велејќи дека еднаквоста во земјата го прави општеството постабилно, додека одговорноста за решавање на спорот за името, интеграцијата, реформите, добрите меѓуетнички односи треба да ги преземат сите.

ДУИ, како што нагласил Ахмети, е фокусирана на соработката со албанските парламентарни партии околу заедничката национална платформа. – Моментално не води разговори за коалициска влада ниту со ВМРО ниту пак со СДСМ. Но единствениот дијалог кој го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и албанските партии, се наведува во соопштението.

Ахмети и Стафансон разговарале и за регионалните и глобалните геополитички случувања, како и нивното влијание врз Македонија.

Предходно со Стефансон средба имаше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која средба разговарале за нова реформска Влада.

Засега од Груевски ниту трага – ниту глас! По неговото обраќање од пред седиштето на ДИК од каде им објави “војна” на странските дипломати  ниту  еднаш се нема во појавено во јавноста.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.