Црна Хроника

По полициска и потера на Фејсбук фатен возачот кој прегази жена во Карпош 4

Полицијата успеала да го фати возачот кој на 2 јуни на пешачки премин на Булеварот Партизански одреди прегази жена и побегна од местото на настанот. Станува збор за пешачкиот премин кај комплексот „Антико“ за кој само два дена пред несреќата „Скопско Ехо“ напиша сторија колку е тој опасен.

Потерата по возачот кој со „пежо боксер“ ја прегази 78-годишната жена и побегна почна веднаш на социјалните мрежи. Роднина на жената побара на Фејсбук од можни очевидци да помогнат во пронаоѓањето на сторителот.

МВР соопшти дека во утринските часови на 2 јуни на скопскиот булевар Партизански одреди, автомобил „пежо боксер“ со тетовска регистарација, удрил во 78-годишна жена-пешак, по што возачот побегнал. Подоцна полицијата го пронашла престапникот, 26-годишниот М.Б, а 78-годишната Н.К. била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

И по овој тежок инцидент „Скопско Ехо“ повторно апелира до градските власти во што е можно побрз рок да ја решаат оваа „црна точка“ на Партизанска.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 22:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.