Некатегоризирано

ПО БАРАЊЕ НА СЕММ, А ПО ЖАЛБА НА ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ПОРТАЛОТ ДОКАЗМ ИМ СЕ ИЗВИНУВА НА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА

ДОКАЗМ КАКО САТИРИЧЕН ПОЛИТИЧКИ ПОРТАЛ ЧЕСТО ЗНАЕ ДА ГИ ПОСОЧИ РАЗНОРАЗНИТЕ СПОРЕД НАС ВО СИСТЕМОТ И ОПШТЕСТВОТО ЛИЦЕМЕРНИ ПОЈАВИ И ПРОЈАВИ. ВО СПОРНИОТ ТЕКСТ ЦЕЛТА НИКАКО НЕ НИ БЕШЕ ДА ОМАЛОВАЖИМЕ НИКОГО ОСВЕН НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА КАКО КУЌА БЕЗ КОНЦЕПТ, ЗНАЧИ НИКАКО НЕ БЕШЕ НАСОЧЕНО КОН ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА!

СПОРЕД ЖАЛБАТА НА ХЕЛСИНШКИ И НАВЕДЕНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ МОЖЕБИ СМЕ ГИ НАВРЕДИЛЕ ТИЕ ГРУПИ, ЗАТОА ИМ СЕ ИЗВИНУВАМЕ. САТИРАТА ЧЕСТО ЗНАЕ ДА БИДЕ ПРЕТЕРУВАЧКА И НЕ БЕГАМЕ  ОД ТОА, ДЕКА СМЕ ПОГРЕШИЛЕ. УШТЕ ЕДНАШ СЕ ИЗВИНУВАМЕ НА СИТЕ НАВРЕДЕНИ ОД ОВОЈ ТЕКСТ И ИСТИОТ ЌЕ БИДЕ ИЗБРИШАН.

СО ПОЧИТ МАРЈАН СТАМЕНКОВСКИ СОПСТВЕНИК НА ДОКАЗМ МАКЕДОНИЈА ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ

Почитувани,

Во име на Советот за етика во медиумите (СЕММ), би сакале да Ве известиме дека Комисијата за жалби при СЕММ прими жалба од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Жалбата се однесува за текстот со наслов „И вмровците во МТВ ја претераа, Ефтооо свести се Геј, лезбејки и трансексуалност – дел од емисијата за млади која во ударен термин се прикажуваше на МРТВ – УШТЕ МАЛКУ И ВИЕ ЌЕ ОДЛЕТАТЕ!!!“, објавен на интернет порталот „ДоказМ.мк“, на 21.04.2021 година.

Содржината на спорниот текст е достапна на следниов линк: https://dokazm.mk/i-vmrovtsite-vo-mtv-ja-preteraa-eftooo-svesti-se-gej-lezbejki-i-transeksualnost-del-od-emisijata-za-mladi-koja-vo-udaren-termin-se-prikazhuvashe-na-mrtv/?fbclid=IwAR3YYl-gnh27a3Ho6W5CzZydAo3hPsprWRHx4Ig55-mWurVzxnyYPRRu5G4.

Во жалбата се наведува дека во спорниот текст ги има следниве прекршувања: Неточно и нефер известување, незастапена втора страна, говор на омраза, дискриминација, мешање на факти и мислење, вест и коментар, нарушување на приватноста и пристрасност и неурамнотеженост во информирањето.

Во прилог на известувањето, Ви доставуваме ПДФ документ од електронската пријава, (претставка) од жалителот.

Комисијата за жалби при СЕММ донесе заклучок да Ве контактираме и да побараме произнесување по жалбата.

Доколку се согласувате во целост или делумно со жалбата, тогаш Извршната канцеларија на Советот може да покрене процес на медијација меѓу двете страни. Доколку ја отфрлите жалбата, Ве молиме да ги образложите своите ставови за објавувањето на текстот а Комисијата по Вашиот одговор ќе одлучи за понатамошната постапка.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 09:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.