Платеници во удбашки манир работат за реализација на референдумот и во оцрнување на противниците
Сите што ќе кажат нешто против Преспанскиот договор или ќе имаат негативен став околу референдумот однапред се прогласени за :
1. Шизофрени
2. Руски шпиони
3. Платеници
4. Вмровци
5. Луѓе кои не и` мислат добро на Македонија
6. Луѓе кои имаат бугарски пасоши
7. Луѓе кои сакале да се врати Груевски
И ова го верглаат токму луѓе кои се дел од пропагандната машинерија на власта, кои се врамени на долг рок и наградувани за својот ,,придонес”. Со листи од ,,работни” задолженија до 30 септември.
Нешто како ,,демократијата” на УДБА од мрачното доба на екс ЈУ.
Токму против тоа гласав на последните избори. А, не за враќање на уште потемни времиња.
Зоки Заев, верувал во народот до небото.
Така рече. До небото.
Ама не кажа дали има план ,,Б” ако нема цензус.
Кочо, си броеше ваљда пари одзади.
