Занимливости

Плаќаме 10% поскапо во кафана од лани, поскапено е и во однос на март седете си дома не ги богатете ондак

Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 2,5 отсто во споредба со претходниот месец, а пораснале за 9,8 отсто во однос на април 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2022 година зголемување е забележано во групите Храна за 3,2 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,4 и Безалкохолни пијалаци за 4,6 отсто.

Цените на угостителските услуги, пак, за периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 6,3 отсто, додека во споредба со декември 2021 година пораснале за 4,5 отсто.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.