Забава

ПИЈАТ И СЕ МУВАТ ПОД ДРВА ДЕЛЧЕВЦИ ЗА ДА ЈА ИШКААТ КОРОНАТА, ЗЕТОВЦИТЕ ГИ ШИБААТ У ГЗ ЗА ДА ФАНЕ ЛЕКОТ

(ВИДЕО) Во делчевско се протнуваат под ореов корен како лек против корона вирусот

May be an image of 2 луѓе, седнати луѓе, луѓе кои стојат и текст

Протнување под ореов корен како лек против корона вирусот во Делчево. Маката и стравот од корона ги натера луѓето на секакви верувања и изуми за лекување.

Седумдесет годишниот Страшо Димитровски од Делчево откако му се јавил лекот на сон, решил тоа да го преточи и во реалност, пренесува регионалната Мнет телевизија.

На место виканот Брежје кај реката Брегалница ископал под корените на два млади ореви дупка под која се протнуваат луѓе. Тој вели дека за него и за неговите блиски си го нашол лекот и ги повикува сите кој веруваат во Божја сила и народни лекови да дојдат и да се протнат.

Дарко и Сулејман од Берово се долгогодишните експерти во конзумирање на шливка

Тие препорачуваат Беровската сливова ракија како е лекот против корона вирусот.Тие секојдневно се дружат заедно, со некоја чаша ракивче и комшиски муабети.

„ Јас верувавм во корна вирусот и од него се штитам со по една дупла ракија и има круг од 60 метри кој те штити да не се заразиш. Тоа сум го слушнал и од доктори, од професори“, вели соговорникот за МалешНет, на што се надоврзува и неговиот другар:

„Дупла ракија на сабајле и едно литро преку ден. Секојдневно од кога фати вирусот. И претходно пиевме, ама не по толку“.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.