Занимливости

Пеце – „Суперхикс“ во предизборно-политичка СДСМ кампања, а бендот се огради од него: Не е кандидатот за градоначалник на СДСМ – центар добар, туку музичарот има личен интерес ако тој победи!

ГО ФАЛИ ЗА ДА ЌАРИ...

Пеце – „Суперхикс“ во предизборно-политичка СДСМ кампања, а бендот се огради од него: Не е кандидатот за градоначалник на СДСМ – центар добар, туку музичарот има личен интерес ако тој победи!

Локалните избори се на прагот, кампањата привршува, на чекор сме од гласањето за нови градоначалници по градовите и оштините. Скопје, секако најпрималиво, а со тоа и најнеизвесно… Или барем така е во поедини општини, кои досега биле за некого сигурни, неосвоиви цврсти тврдини, бастиони на политиката која одредена партија за протежира.

Центар е една од оние кои важат за СДСМ-овско гнездо кое тешко се урива, а друго „партиско пиле“ тешко може и да го прелета, а камо ли да се вгнезди. Но овој пат рсе чини работите стојат налку поинакум, па затоа партиската врхушка се потрудила да ја активира целокупната армада на подржувачи, поттикнувачи, агитатори… за да остане на своето центарско прибежиште.

Едем од оние кои јасно, гласно и аудиовизуелно и се приклучија на пропагандната предизборна СДСМ машинерија и фронтменот, басист и вокал на групата „Суперхикс“, Петар Пеце Младеновски. Во својот неколкуминутен монолог Пеце  ќе го изнафали предложениот за градоначалникк на Центар СДСМ-овски кандидат, небаре му е роден брат!

Но дека една ластовичка не чини пролет, а дека сите не мислат исто или умеат и да мислат, поразлично, секако, покажаа неговите колеги од „Супехикс“. Имено, членовите на бендот со свое соопштение или поточно демант на официјалната Фејсбук страница на бендот, јавно се оградија од поддршката на нивниот пејач кон кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар.

…“Вие знаете дека јас никогаш не сум поддржал ниту сум застанал зад некој политичар кога станува збор за нивните кампањи но еве го правам тоа за Горан затоа што го познавам многу долго и верувам дека ќе го направи тоа што го ветува“ –   се „правдаше“  се Пеце Младеновски фалејќи го кандидатот за градоначалник на општина Центар како „џамбаз својот коњ“.

 

Но всушност, зад оваа лажна лицемерна мимикрија се крие нешто сосема друго. Нешто што е многу посуштинско и всушност единствената права вистина зошто музичарот толку го го протежира политичарот. Зад целата маскарада се крие лична корист. Не е кандидатот за градоначалник на СДСМ – центар добар, туку музичарот има личен интерес ако тој победи! Тоа веројатно го знаат и членовите на бендот, кои сигурно не се политички истомисленици со нивниот музички лидер, а и сфаќаат што е посреди, па оттаму вака и реагираат!

Имено, на листата за предложени кандидати за советници на СДСМ за општина Центар е и сопругата на Пеце – „Супехикс“, некогашната манекенка и модел, денес актерка, раста пејачка и ДЈ-ка, Елизабета Клинчаревска Младеновска, која го завзема местото со реден број 17.

Пеце знае дека од таа стартна позиција шансите на неговата сопруга за влез во советничкта фотелја не се баш изгледни, па затоа со сите сили се труди да помогне, да турка колку што се може, за евентуално да се случи чудо невидено, па сопругата да му стане општински советник!

Кога сме веќе кај сопругите и музичарите, на  советничка листа кај истиот кандидат за градоначалник на СДСМ за Центар, се најдоа уште неколку актуелни, несудени или бивши сопруги на познати македонски музичари и музички ѕвезди.

Така на пример, носителката на оваа листа со број 1. Андријана Будимир, беше една од двете „најголеми љубови“ на Тоше Проески и велат, неговата „несудена сопруга“.

А и сега е сопруга на човек кој имал многу допирни точки со музиката, како дел од едно познато македонско и скопско приватно радио и менџер на најпознатите скопски ноќни клубови и дискотеки.

Кандидат за советник на СДСМ за општина Центар под реден број 11. Маја Серафимовска Борозан е и бившата сопруга на лидерот на дуото „Куку Леле“, музичарот, гитарист и композитор Роберт Саздов, со кого таа беше во повеќегодишен брак, се’ до нивниот развод.

На ова „естрадно – советничко женско друштво“ може да и се приклучи и кандидатката под реден број 2. Едина Муса, која освен што е позната како кошаркарка и мис боди фитнес дама, се појавуваше во некои музички видеа на македонските естрадни артисти, а чаршијата ја доведуваше во врска и со поедини познати музички имиња, кои  јавно не беа ниту обзнанети, а информацијата не беше потврдена.

Фото: Социјални мрежи/принтскрин

 



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:45 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.