Црна Хроника

ПЕНЗИОНИРАН ПОЛИЦАЕЦ ПРИЗНА ДЕКА САКАЛ ДА ГО ЛИКВИДИРА СПАСОВСКИ, ДОМА МУ НАШЛЕ АРСЕНАЛ ОРУЖЈЕ, ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР: Судот го осуди заканувачот кој се закануваше дека ќе го убие министерот Спасовски

С.Ф., откако ја признал вината дека имал намера да го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска од Судот добил казна затвор од две години односно четири години условно, пренесува Centar.mk.

Пензионираниот полициски службеник упатувал закани по живот кон министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради што Обвинителството поведе постапка против него.

„Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка ‘чешка зброевка’ со калибар 7,65 мм, пиштол марка ‘смит енд весон’ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка“,, соопшти обвинителството минатиот месец.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.