БалканСекс

Пејачката Анѓела се сели на Занзибар и ќе живее во колиба, а еве зошто се одлучила на таков чекор

Пејачката Анѓела се сели на Занзибар и ќе живее во колиба, а еве зошто се одлучила на таков чекор (Фото)

Пејачката Анѓела Вујовиќ, попозната како Анџелина, неодамна беше на одмор во Занзибар, а сега откри дека во догледно време планира и да се пресели на овој егзотичен остров, каде што ќе изгради и мини студио.

 

„Дефинитивно во догледно време ќе се преселам, кога ќе направам се што треба. Таму  решив да направам мини студио и колиба, не ми треба многу. Го открив  местото на мојот живот. Таму не најдов дечко, само уживав во погледот на морето, со себе, пишував песни, ми требаше да уживам, одлично се одморив – изјавила  Анџелина за Блиц, која потоа објави дека на лето ќе објави и нов албум.

Анџелина за време на престојот во Танзанија објави фотографии и видеа од плажата, од забавата, а можеме да видиме колку ужива и од насмевката на нејзиното лице.

– Овде навистина се чувствувам како дома и тоа што дојдов само се  покажа како најдоброто нешто на светот. Одморив, се дружев,  си дојдов на себе – изјавила пејачката.

 

Фото:Принтскрин/Инстаграм/angellinaofficial



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.