Занимливости

Пејачи, спортисти, глумци во трката за советници на престојните избори

Пејачи, спортисти, глумци, лекари и по некој политичар, се најдоа на листите за градоначалници и советничките листи. На нив има од сите професии.

Поранешниот селектор на македонската репрезентација, Марин Докузовски, се најде на листата на СДСМ на општина Карпош. Со тоа и тој влезе во кругот на јавни личности кои ќе бараат место во политиката. За потсетување, Докузовски, ја предводеше репрезентацијата до историското четврто место на Европското првенство во Литванија.

Во трката за градоначалник на Куманово влезе и актерот Тони Михајловски, а од неодамна за Скопје, кандидатури поднесоа и музичарите Петар Георгиевски Камиказа и Бени Шакири.

Музичарот Петар Георгиевски Камиказа ќе настапи со Левица, а за разлика од него, Бени доби поддршка од ДОМ и ЛДП.

Во политиката ќе влезе и битолскиот поп-пејач и виолинист Димитар Андоновски. Тој ќе биде еден од кандидатите на СДСМ за советници на Општина Битола. Неговата кариера започна по „Плеј потрага по ѕвезда“ на М2 продукција, а уште како дете има настапувано на бројни музички фестивали.

На листата на СДСМ за советници се најдоа уште две познати спортски имиња, поранешната ракометарка Андријана Будимир и кошарката Едина Муса. Во Карпош листата на Вмро Дпмне ја предводи познатиот актер Роберт Велјановски.

Љубиша Владимиров



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:15 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.